Студиски програми

Промоција


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MKT 320 Надворешна трговија 4+2 8,00
Предавачи
Анита Циунова-Шулеска

Опис на предметот

Целта на наставата по овој предмет е да се запознаат студентите со процесот на маркетинг комуникација и со одделните инструменти на промотивниот микс. Студентите треба да се стекнат со знаење кое ќе им овозможи не само да ги идентификуваат одделните инструменти на промотивниот микс, туку и успешно да ги комбинираат истите. За таа цел, со посебно внимание се разработуваат економската пропаганда, личната продажба, продажната промоција, односите со јавноста, публицитетот и директниот маркетинг. 

Цели на наставата (очекувани резултати од наставата и знаења со кои ќе се стекнат идните дипломирани студенти)

 

По завршувањето на наставата:

  1. Студентот треба да биде оспособен да ги идентификува и комбинира различните инструменти од промотивниот микс.
  2. Студентот треба да биде способен да изврши анализа на промотивната програма и процесот на комуникација на конкретна компанија.
  3. Студентот треба да биде способен да ги идентификува целите и стратегиите на промотивната програма на конкретна компанија.
  4. Студентот треба да биде способен успешно да ги избира и комбинира одделните медиуми за комуникација со целната јавност.

 

Содржина на предметот:

1.       Вовед во промоцијата

2.       Економска пропаганда

3.       Продажна промоција

4.       Лична продажба

5.       Односи со јавноста

6.       Економски публицитет

 

Предуслов: Положени испити од втора година на студиите на департманот Маркетинг

 

Препорачана литература:

  1. Секуловска Нада , Промоција, трето издание, Економски факултет, Скопје, 2009 година
  2. Fill Chris, Marketing Communications, Interactivity, Communities and Content, fifth edition, Prentice Hall, England
  3. George E. Belch, Michael A. Belch; Advertising and Promotion; McGraw-Hill; 2007