Студиски програми

Управувачко сметководство


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ACC 310 Надворешна трговија 4+2 8,00
Предавачи
Марина Трпеска

Опис

Наставата по предметот управувачко сметководство е насочена да им овозможи на студнтите да ја разберат неговата интердисциплинарната содржина, а во тој контекст најнапред да ги сфатат сличностите и разликите на сметководствените дисциплини во рамките на сметководствениот систем за да можат полесно да ја користат неговата практична улога и комбинирањето податоци од различни области при изготвувањето на релевантни информации, неопходни во одделни подрачја на деловното одлучување. Тоа го овозможуваат тематските подрачја посветени на:управувачкото сметководство во рамките на сметководствениот систем; трошоците и нивните поделби во менаџерскиот процес; графиконот на рентабилноста за целите на менаџментот; сметководственото офаќање на трошоците; сметководственото планирање, сметководството на активности и др.

Содржина

  • Сметководство на менаџмент во рамките на сметководствениот систем
  • Трошоците и нивните поделби во менаџерскиот процес и некои елементи на теоријата на трошоците со нејзината практичнa примена
  • Графикон на рентабилноста за целите на менаџментот
  • Сметководствени постапки за опфаќање на трошоците по носители
  • Сметководствено планирање
  • Сметководствени постапки за опфаќање на трошоците по носители
  • Облици на алокација на трошоците
  • Сметководство на активностите
  • Некои од алтернативните методи на вреднување на залихите
  • Финансиски извештаи за потребите на менаџментот

Литература

  • Марковски, Слободан, Блажо Недев: Сметководство на менаџментот, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2003
  • Horngren, Charles T., Srikant M. Datar, George M. Foster: Cost Accounting, 12th edition, Prentice Hall, New York, 2005

Цели

По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат во состојба:
  • Да ја согледаат улогата на управувачкото сметководство во рамките на сметководствениот систем и пошироко,
  • Да ги определат основите за различно диференцирање на трошоците,
  • Да ги пресметаат сите показатели од графиконот на рентабилноста,
  • Да ги диференцираат методите на сметководственио опфаќање на трошоците,
  • Да ги сфатат предностите на сметководственото планирање и неговата ефикасна примена во претпријатијатието,
  • Да ја осознаат потребата од алокација на трошоците,
  • Да ја сфатат постапката за опфаќање на трошоците по пооделните активности,
  • Да го сфатат значењето на бројни термини кои се поврзани со управувачкото сметководство