Менаџмент на мал бизнис
Шифра
|
Студиска програма
|
Часови
|
Кредити
|
MGT 230
|
Надворешна трговија
|
6+0
|
8,00
|
Предавачи
|
Александра Јанеска-Илиев
|
Задолжителен предмет за студиските програми за департманите: Менаџмент
ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ:
Намерата на наставата по предметот е да им помогне на студентите во разбирањето на значењето и суштината, функционирањето и организацијата на малите претпријатија во економијата. Во тие рамки да се укаже на моќта на малиот сектор во САД, ЕУ, Велика Британија и Македонија, разликите помеѓу малите и големите претпријатија. Потоа, елаборирање на фамилијарниот бизнис, франшизинигот, приодите на започнување со мало претпријатие, примена на планирањето во малите претпријатија, основните форми на организација на малите претпријатија, успесите и неуспесите на малиот бизнис, општествената одговорност и етиката, жените претприемачи, етничките претприемачи, како и малите претпријатија и претприемништвото.
Клучни зборови: Менаџмент на малиот бизнис, е-бизнис и малиот бизнис, франшиза, фамилијарен бизнис, бизнис план, жени претприемачи, етнички претприемачи
СОДРЖИНА:
ГЛАВА I ГЛОБАЛНИ ПРОМЕНИ ВО МАЛИОТ БИЗНИС
ГЛАВА II КАРАКТЕРОТ НА МАЛИОТ БИЗНИС
ГЛАВА III МАЛИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА И Е-ТРГОВИЈАТА
ГЛАВА IV ФОРМИ НА ОРГАНИЗАЦИЈА НА МАЛОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ
ГЛАВА V ПРИОДИ НА ЗАПОЧНУВАЊЕ СО СОПСТВЕН БИЗНИС
ГЛАВА VI ФАМИЛИЈАРЕН БИЗНИС
ГЛАВА VII ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ ВО ФАМИЛИЈАРНИ БИЗНИСИ
ГЛАВА VIII ФРАНШИЗА
ГЛАВА IX ПЛАНИРАЊЕ ВО МАЛО ПРЕТПРИЈАТИЕ
ГЛАВА X ИЗРАБОТКА НА УСПЕШЕН БИЗНИС ПЛАН
ГЛАВА XI УСПЕСИ И НЕУСПЕСИ НА МАЛИОТ БИЗНИС
ГЛАВА XII ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ, ЕТИКА И МАЛИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА
ГЛАВА XIII ПРЕТПРИЕМНИШТВО И МАЛИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА
ГЛАВА XIV ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ
ГЛАВА XV ЕТНИЧКИ БИЗНИСИ
Мерење на резултатот на студентот
Проверката, на знаењето на студентот по наставниот предмет, според член 114 од Законот за високото образование се врши континуирано во текот на наставно-образовниот процес. Студентот ќе добие испитни прашања и од делот ,,студирање преку примери” кои се наоѓаат на крајот од секоја глава. Студентот, одговорот на поставените прашања од делот ,,студирање преку примери” ќе го даде со користење на учебникот за време на одржување на испитот.
Присуство на настава до 10%
Партиципација во наставата до 10 %
Изработка на семинарска работа и учество во проект до 20 %
Прв испит до 30 %
Втор испит до 30 %
Вкупно 100 %
ЛИТЕРАТУРА:
Бобек Шуклев: Менаџмент на мал бизнис, петто издание, Економски факултет - Скопје, Скопје 2011
ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА:
Цел на предметната програма Менаџмент на малиот бизнис е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на управувањето со малите претпријатија и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на менаџментот на малиот бизнис, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена.
Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:
- да ја разберат појмовната определеност, значењето и содржината на менаџментот на малиот бизнис во Македонија, ЕУ и САД;
- да развијат способност за проценка на улогата на малиот бизнис во економијата низ економски индикатори;
- да го применат знаењето и разбирањето на предностите и слабостите на различните начини на започнување со сопствен бизнис;
- да ги применуваат стекнатите знаења за франшизата;
- да го применат знаењето и разбирањето при определување на елементите на содржината на бизнис планот на малото претпријатие и неговата изработка;
- да развијат способност за утврдување на разликите помеѓу сопственик/ менаџер и претприемач на мало претпријатие.