Студиски програми

Системска анализа на е-бизнис


Шифра Студиска програма Часови Кредити
EBU 430 Надворешна трговија 4+2 8,00
Предавачи
Мијалче Санта

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • критички да ги анализираат проблемите во информациските системи и низ системско размислување да понудат решенија за информациски системи
  • да идентификуваат и користат различни пристапи, модели и алатки за системска анализа и дизајн на информациски системи
  • да развијат и дизајнираат реални информациски системи

Содржина на предметната програма:

Предметот ги воведува воспоставените и нови методологии за анализа, дизајн и развој на информациски систем (ИС). Акцент е ставен на системските карактеристики, управување со проектот, прототип, и фазите во животниот циклус на развој на системи. Фазите кои се покриени во овој предмет се: 

  • Фаза на планирање (системскиот аналитичар и развој на ИС, и селектирање на проекти)
  • Фаза на анализа (одредување на барањата, анализа на кориснички случај, и моделирање на процеси)
  • Фаза на дизајн (придвижување кон дизајн, дизајн на архитектура, дизајн на програм)
  • Фаза на имплементација (придвижување кон имплементација, транзиција кон нов систем)

Теоретското знаење на студентите се проверува на испити со отворени прашања кои вклучуваат случаеви од реалниот сектор.

Преку практични вежби, низ предметот се обезбедува средина за имплементација на животниот циклус на развој на системи и избор на соодветни концепти за развој и имплементација на е-бизнис системи. Вежбите ги следат фазите кои се презентираат на предавања.

На овој предмет се ценат способности на студентите за креативно размислување и оригинална работа која додава вредност на нивните кариери. 

Плагијаризам и измами не се толерираат. 

Начин на оценување  

  • Тестови - 80 поени
  • Проектна работа - 20 поени                                                                                      

Метод на следење на квалитетот

  • Факултетска интерна евалуација и анкета
  • “Start, OK, Stop” евалуациска методологија

Задолжителна литература 

"Systems analysis and design – 5th edition" from Dennis, Wixom, Roth published by Willey in 2012