Студиски програми

Производен менаџмент


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MGT 350 Надворешна трговија 4+2 8,00
Предавачи
Кирил Постолов

Проучувањето на наставната материја по предметот им овозможува на студентите да се запознаат со сложената проблематика на управување со производството сфатено како процес на планирање и организирање на производството, но и како контрола на функционирањето на производството како систем, за да се остварат целите на производството на најефективен и најефикасен начин. Во тие рамки, особено внимание се посветува на следните аспекти на производствениот менаџмент: производството како систем, планирање на системот на производството, производ- дизајн на производот, производ - квалитет на производот, производ - производствена програма, локација на производството, производствен капацитет, производствена опрема, фабрички згради, планирање на фабричкиот простор, производствени процеси, планирање и следње на производството во време, контрола на залихите, системот на складирање и внатрешен транспорт, одржување на опремата и градежните објекти и обезбедување на производството со енергија, контрола на трошоците и организациона структура на производството.

 

СОДРЖИНА НА ПРЕДМЕТОТ:

  • Производството како систем
  • Планирање на системот на производство
  • Дизајн на производот
  • Менаџмент на квалитет- фокус на сигма шест
  • Производ- производствена програма
  • Локација на средства
  • Стратешко управување со капацитети
  • Производствена опрема
  • Фабрички згради
  • Планирање на фабричкиот простор
  • Производствен процес – избор и дизајн
  • Операции за планирање
  • Планирање и следење на производството во време
  • Материјалот во производство
  • Контрола на залихи
  • Системот на складирање и  на внатрешен транспорт
  • Одржување на опремата и обезбедување на производството со енергија
  • Финансиска анализа
  • Организациона структура на производството

 

ЛИТЕРАТУРА:

  • Синиша Спасов: Производствен менаџмент, универзитетски учебник, Економски факултет-Скопје, 1998
  • Ричард Б. Чејс, Ф. Роберт Џајкобс, Николас Ј. Аквилано: Оперативен менаџмент за конкурентска предност, 11то издание Генекс, Кочани, Превод на 500 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитетит во САД и Европска Унија
  • Roger G. Schroeder: Upravljanje proizvodnjom, odlucivanje u funkciji proizvodnje, 4to izdanje, Mate, Zagreb,1999

 

ЦЕЛИ НА ПРЕДМЕТОТ

  • Осознавање на производството како систем;
  • Осознавање на различните димензии на производот и производствената програма;
  • Осознавање на проблемите со локација на средствата;
  • Осознавање на моделите за локација на средствата;
  • Осознавање на моделите на организациски структури.
  • Оспособеност во пракса на примена на основните постулати на третирањето на производството како систем;
  • Оспособеност во пракса да се применат сознанијата за локација на средствата;
  • Оспособеност за разликување на различните модели на организациски структури во производствените претпријатија и нивна примена во праксаата;