Менаџмент


Во конципирањето на студиските програми на департманот Менаџмент користени се сознанијата на факултетите за бизнис од развиените западни земји и искуството на Економскиот факултет во Скопје, стекнато низ долгогодишното постоење на Отсекот за деловна економија.

Насочувањето на студиите по менаџмент започнува во втора студиска година. Студентите од овој департман стекнуваат основни знаења за менаџментот и најважните менаџмент функции (основи на менаџментот, производен менаџмент, деловно планирање).

Предметните програми застапени во трета и четврта студиска година ги прошируваат и продлабочуваат знаењата од областа на менаџментот и низ повеќе потесно специјализирани предмети, придонесуваат за посебен образовен профил од областа на менаџментот (маркетинг менаџмент, инвестиционен менаџмент, финансиски менаџмент, информациони системи, деловно комуницирање, управувачко сметководство, претприемништво).

Предметните програми на овој департмант осигуруваат знаења за успешно извршување на работи во сите деловни функции на претпријатието: прометот, производството, маркетингот, сметководство, финансиите, развојот и истражувањата, и тоа, претежно, оние кои се поврзани со процесите на управување и раководење со нив.


Цели


Цел на студиската програма по МЕНАЏМЕНТ е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на менаџментот и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

Знаење и разбирање:

  • Ја разбира појмовната определеност, значењето и содржината на менаџментот, менаџерите и функциите на менаџмент;
  • Покажува знаење за структурирањето, функционирањето и развојот на организацијата, како и важноста на организациската култура и потребата од акцептирањето на организационите промени и организацискиот развој како единствени начини за опстанок на организацијата во современите услови;
  • Го разбира значењето на свесното и планско однесување на претпријатието во современи услови на стопанисување, елементи на стратегиската анализа, избор на вистинска стратегија и проблемите кои се поврзани со спроведување на формулираната стратегија;
  • Демонстрира знаења за современите и напредни концепции за управување со човечките ресурси, како и различни концепти за однесувањето и процесот на мотивација на луѓето во организацијата;
  • Ја разбира улогата на информацијата, информационата технологија и деловните комуникации во менаџментот на современиот бизнис;
  • Стекнува продлабочени знаења од специфични областа на функционирањето на претпријатијата, како што се: производниот менаџмент; управувањето со финансиските средства во рамките на претпријатието; управувањето со малите претпријатија; и стратегиските аспекти и финансиското одлучување во контекст на меѓународниот менаџмент.

Примена на знаењето и разбирањето:

  • Применува знаење за подобрување на ефикасноста и ефективноста преку унапредување на менаџмент функциите во претпријатието;
  • Ја применува методологијата и методите за подготовката на инвестиционите студии и изработката на стратегиските, бизнис и тековните планови во претпријатието;
  • Ги дизајнира организациони делови и ги поврзува во структурата на организацијата и употребува напредни алатки за истражување на организационата култура и организациските промени и развој;
  • Знае да го одреди местото на луѓето  во организационата структура, да ја разбере и стимулираат мотивацијата во работат, а со крајна цел да се изгради во вистински лидер на поединците и групите во организацијата;
  • Применува напредни методи за планирање на потребниот број и структура на вработените, анализа и обликување на работата и работните места, придобивање, селекција, воведување, обука и оценување на успешноста на вработените;
  • Во рамките на специфичните областа на функционирањето на претпријатијата, подготвува и донесува одлуки со кои се создаваат услови за производството, ја анализираат финансиската состојба на една компанија преку пресметка и интерпретација на познатите финансиски показатели, донесува одлуки за стратегиските и финансиските аспекти на претпријатието во меѓународен контекст.

Способност за проценка:

  • Способен е да ги идентификува информационите потреби и  да  управува со информациите и знаењето во организациите со цел унапредување на ефикасноста и ефективноста во работењето и создавање на конкурентски предности;
  • Ја користи информационата технологија во бизнис контекст со цел обезбедување квалитетни и навремени информации за потребите на менаџментот кои ќе овозможат успешно донесување на одлуки;
  • Ги применува квантитативните методи и техниките на економска анализа за решавање на разни деловни проблеми во функционирањето на претпријатието;
  • Способен е да набљудува и идентификува важни состојби и трендови во интерното и екстерното окружување на претпријатието, да анализира и синтетизира и извлекува заклучоци за анализираните состојби и појави.

Комуникациски вештини

  • Способен и да комуницира со идеи и да се усогласува во тимска работа;
  • Ги владее говорничките вештини со цел да биде вешт и пријатен говорник и соговорник;
  • Способен е за успешно водење на деловни состаноци и соодветно да се однесува како учесници на состаноци со цел унапредување на ефикасноста на состаноците во претпријатијата во кои ќе работи во иднина;
  • Поседува вештини за ефективно преговарање со цел склучување на корисни бизнис договори;
  • Способен е за проценување и презентирање информации врз основа на добиените резултати.

Вештини на учење:

  • Способен е за успешно совладување на теоретските концепции, да аплицира техники и методологии во специфични научни подрачја и да ги идентификуваат потребите за натамошно надградување на стекнатото знаење;
  • Поседува способност да партиципира во групни дискусии, критички да анализира теоретски и практични аспекти од работењето на претпријатијата, да изработува и да ги презентира изработените проекти;
  • Способен е знаењето да го изрази преку одговарање на различни типови прашања и да анализира конкретни студии на случај од бизнис практиката.

 


Понатамошни студии


Последипломски и докторски студии
Семестар   1
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
ECN 110 Основи на економијата 6+0 8,00 Таки Фити; Владимир Филиповски; Предраг Трпески
ACC 110 Основи на сметководството 4+2 8,00 Зорица Божиновска - Лазаревска; Љубиша Јаневски
MST 110 Математика за економисти 4+2 8,00 Гордана Билбиловска; Игор Ивановски

Семестар   2
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
MST 120 Статистика за бизнис и економија 4+2 8,00 Драган Тевдовски
MGT 110 Економика на претпријатие 6+0 8,00 Кирил Постолов; Стојан Дебарлиев

Семестар   3
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
MGT 220 Финансиски менаџмент 6+0 8,00 Сашо Арсов
MKT 210 Основи на маркетинг 4+2 8,00 Снежана Ристевска-Јовановска
MGT 210 Основи на менаџмент 6+0 8,00 Леонид Наков

Семестар   4
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
MGT 240 Менаџмент на човечки ресурси 4+2 8,00 Љупчо Ефтимов
MGT 230 Менаџмент на мал бизнис 4+0 8,00 Александра Јанеска-Илиев

Семестар   5
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
MGT 310 Стратегиски менаџмент 6+0 8,00 Љубомир Дракулевски
MGT 320 Менаџмент информациони системи 6+0 8,00 Никола Левков

Семестар   6
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
MGT 340 Инвестиционен менаџмент 6+0 8,00 Методија Несторовски
MGT 330 Деловно планирање 6+0 8,00 Стојан Дебарлиев
ACC 310 Управувачко сметководство 4+2 8,00 Марина Серафимоска Трпеска

Семестар   7
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
MGT 420 Теорија на организација 6+0 8,00 Кирил Постолов
MGT 430 Деловно комуницирање 4+2 8,00 Благоја Ѓорѓијовски
MGT 410 Наука за менаџментот 4+2 8,00 Благородна Тодосиоска

Семестар   8
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
MGT 440 Менаџмент на промени 4+2 8,00 Леонид Наков

Зимски
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU 210 Основи на дигиталната економија 4+2 8,00 Калина Треневска Благоева
INT 340 Надворешна трговија 6+0 8,00 Ирена Кикеркова
ECN 220 Микроекономија 6+0 8,00 Даниела Мамучевска
ECN 340 Регионална економија 6+0 8,00 Наталија Николовска
ECN 320 Економски развој 6+0 8,00 Гоце Петрески
ECN 310 Економија на инвестиции 6+0 8,00 Методија Несторовски
ECN 420 Економија на јавниот сектор 6+0 8,00 Љубомир Кекеновски
ECN 360 Аграрна политика 4+0 8,00 Сашо Ќосев
MGT 350 Производен менаџмент 4+2 8,00 Кирил Постолов
MGT 120 Деловна етика 4+2 8,00 Леонид Наков
FIN 410 Банкарски менаџмент 4+2 8,00 Горан Петревски
MKT 310 Маркетинг менаџмент 4+2 8,00 Анита Циунова-Шулеска
MKT 220 Однесување на потрошувачите 4+2 8,00 Снежана Ристевска-Јовановска
INT 110 Трговско право 4+2 8,00 Горан Коевски
FIN 210 Финансиски пазари и институции 6+0 8,00 Михаил Петковски
ACC 420 Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации 4+2 8,00 Зоран Миновски
FIN 310 Меѓународни финансии 4+2 8,00 Михаил Петковски
ECN 230 Политика на социјален развој 6+0 8,00 Ристо Христов
ECN 380 Индустриска политика 6+0 8,00 Љубомир Кекеновски
ECN 440 Економетрија 6+0 8,00 Весна Буцевска
ECN 390 Општествено богатство и национални сметки 4+2 8,00 Билјана Ташевска
MKT 320 Промоција 4+2 8,00 Анита Циунова-Шулеска
MKT 420 Меѓународен маркетинг 6+0 8,00 Татјана Мирчевска-Петковска
MKT 340 Управување со производот 4+2 8,00 Ежени Брзовска
INT 310 Европски економски интеграции 6+0 8,00 Љубица Костовска
MST 230 Анализа на временски серии 4+2 8,00 Марија Трпкова - Несторовска
MST 240 Демографија 4+2 8,00 Марија Трпкова - Несторовска
MKT 440 Директен маркетинг 4+2 8,00 Анита Циунова-Шулеска
ACC 330 Корпоративно финансиско известување 4+2 8,00 Атанаско Атанасовски
ECN 210 Макроекономија 6+0 8,00 Трајко Славески
INT 220 Меѓународни организации и интеграции 4+2 8,00 Елена Макревска Дисоска
INT 410 Меѓународни трговски трансакции 6+0 8,00 Катерина Тошевска – Трпчевска
MKT 250 Методи на продажба 4+2 8,00 Димитар Јовевски
EBU 110 Основи на e-бизнис 4+2 8,00 Сашо Јосимовски
ACC 460 Сметководство на јавен сектор 4+2 8,00 Зоран Миновски
INT 430 Фискален и монетарен систем на ЕУ 6+0 8,00 Ѓорѓи Гоцков
ACC 210 Финансиско сметководство 4+2 8,00 Љубиша Јаневски
EBU 310 Организација на податоци во претпријатие 4+2 8,00 Сашо Јосимовски
EBU 340 Менаџмент на е-бизнис 4+2 8,00 Вера Наумовска
EBU 410 ЕРП системи 4+2 8,00 Калина Треневска Благоева
EBU 420 Е-менаџмент на односи со потрошувачите 4+2 8,00 Лидија Пулевска
EBU 350 Е-бизнис-дистрибутивни канали 4+2 8,00 Лидија Пулевска
MST 320 Квантитативни методи во финансии 4+2 8,00 Драган Тевдовски
FIN 330 Лични финансии 4+2 8,00 Кирил Јовановски
MST 321 Статистичка контрола на квалитет 4+2 8,00 Весна Буцевска
Летен
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
FIN 220 Монетарна економија 4+2 8,00 Горан Петревски
EBU 220 Интернет маркетинг 2+4 8,00 Димитар Јовевски
MKT 410 Маркетинг истражување 4+2 8,00 Николина Паламидовска-Стерјадовска
MGT 370 Проектен менаџмент 6+0 8,00 Сашо Арсов
ECN 130 Социологија 6+0 8,00 Ристо Христов
ECN 350 Развој на економската мисла 6+0 8,00 Борче Треновски
ECN 240 Применета економија 6+0 8,00 Пеце Недановски
ECN 260 Економија на работната сила 6+0 8,00 Гоце Петрески
ECN 391 Политика на технолошки развој 6+0 8,00 Гоце Петрески
ECN 370 Девизна политика 6+0 8,00 Наталија Николовска
MGT 260 Теорија на одлучување 4+2 8,00 Благоја Ѓорѓијовски
ACC 440 Анализа на финансиски извештаи 4+2 8,00 Зоран Миновски
MGT 360 Меѓународен менаџмент 4+2 8,00 Љубомир Дракулевски
MKT 230 Економика на внатрешна трговија 4+2 8,00 Ежени Брзовска
MKT 240 Маркетинг на трговски претпријатија 4+2 8,00 Анита Циунова-Шулеска
MKT 350 Маркетинг на услужни дејности 4+2 8,00 Снежана Ристевска-Јовановска
MKT 430 Стратегиски маркетинг 4+2 8,00 Снежана Ристевска-Јовановска
MST 235 Математички методи 4+2 8,00 Вера Наумовска
EBU 230 Информациони технологии 4+2 8,00 Сашо Јосимовски
MGT 130 Организациско однесување 4+2 8,00 Љубомир Дракулевски; Александра Јанеска-Илиев
ACC 320 Ревизија 4+2 8,00 Зорица Божиновска - Лазаревска
ACC 340 Сметководствени информациони системи 4+2 8,00 Љубиша Јаневски
FIN 230 Јавни финансии 4+2 8,00 Михаил Петковски
ACC 430 Интерна ревизија 4+2 8,00 Зорица Божиновска - Лазаревска
FIN 320 Банкарство 4+2 8,00 Ѓорѓи Гоцков
MST 310 Осигурување 4+2 8,00 Игор Ивановски
MGT 450 Претприемништво 4+0 8,00 Таки Фити
ECN 330 Економско планирање 6+0 8,00 Сашо Ќосев
ECN 410 Државна регулација 6+0 8,00 Трајко Славески
INT 210 Меѓународна економија 6+0 8,00 Ирена Кикеркова
MST 210 Економска статистика 4+2 8,00 Гордана Билбиловска
FIN 420 Хартии од вредност и портфолио менаџмент 6+0 8,00 Владимир Филиповски
MKT 330 Маркетинг политика на цени 4+2 8,00 Даниела Мамучевска
INT 320 Единствен пазар на ЕУ 6+0 8,00 Елена Макревска Дисоска
ECN 120 Еколошки менаџмент 6+0 8,00 Пеце Недановски
ECN 430 Економски системи и глобализација 6+0 8,00 Љубица Костовска
MGT 250 Корпоративно управување 4+0 8,00 Љубомир Дракулевски
ACC 410 Меѓународно финансиско известување 4+2 8,00 Зоран Миновски
INT 330 Мултилатерален трговски систем 6+0 8,00 Катерина Тошевска – Трпчевска
INT 420 Мултилатерална трговска регулатива 6+0 8,00 Весна Пендовска
MKT 450 Односи со јавноста 4+2 8,00 Николина Паламидовска-Стерјадовска
MGT 460 Менаџмент на перформанси 4+2 8,00 Љупчо Ефтимов
ACC 450 Сметководство на банки и други финансиски институции 4+2 8,00 Атанаско Атанасовски
ACC 220 Сметководство на трошоци 4+2 8,00 Марина Серафимоска Трпеска
ACC 230 Сметководствени контролни системи 4+2 8,00 Атанаско Атанасовски
ACC 470 Стратегиско сметководство на менаџментот 4+2 8,00 Зоран Миновски
ECN 250 Управување со системи 6+0 8,00 Предраг Трпески
MST 420 Финансиска економетрија 4+2 8,00 Весна Буцевска
MST 430 Финансиска математика 4+2 8,00 Игор Ивановски
EBU 330 Планирање и развој на веб 4+2 8,00 Мартин Михајлов
EBU 320 Бизнис логистика 4+2 8,00 Лидија Пулевска
EBU 430 Системска анализа на е-бизнис 4+2 8,00 Мијалче Санта
EBU 360 Е-бизнис иновации 4+2 8,00 Мијалче Санта
EBU 440 Е-бизнис апликации во виртуелно окружување 4+2 8,00 Сашо Јосимовски
MGT 470 Меѓународен финансиски менаџмент 4+2 8,00 Сашо Арсов
FIN 340 Небанкарски финансиски институции 4+2 8,00 Елена Наумовска
MGT 380 Менаџмент на ризик 4+2 8,00 Александар Наумоски
FIN 430 Локални финансии 4+2 8,00 Сузана Макрешанска Младеновска