Студиски програми

Менаџмент информациони системи


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
MGT 320 Менаџмент 5 6+0 8,00
Предавачи
Никола Левков

Намерата на предметната дисциплина е да ги оспособи студентите да ја разберат информационата димензија на организацијата, односно како идни менаџери, да ја разберат улогата на информационите системи во собирањето, складирањето и размената на информациите и знаењето во организацијата и надвор од неа. Преку содржината на овој предмет студентите ќе се запознаат како преку користење на информационата технологија во бизнисот може да се оствари конкурентска предност. Исто така дисциплината на студентите ќе им овозможи да ја разберат прогресијата на феномените податок, информација, знаење и мудрост, потоа креирање на информациона стратегија во согласност со бизнис стратегијата, менаџмент на ИТ инфраструктурата, моделирање на претпријатието, подршка на одлучувањето со системите базирани на знаење и бизнис интелигенција, идентификување на информационите потреби и развој на информациони системи. Оваа дисциплина треба да ги оспособи студентите успешно да ја користат информационата технолгоија во бизнис контекст со цел обезбедување квалитетни и навремени информации за потребите на менаџментот кои ќе овозможат успешно донесување на одлуки.

Клучни зборови: податок, информација, знаење, информацонен систем, менаџмент на знаење, информациона технологија, синергетски ефект, ентропија.

 

СОДРЖИНА

  1. Информациска револуција – основни каракеристики
  2. Системско дизајнирање
  3. Системска анализа
  4. Информации
  5. Информациони системи
  6. Информационите системи во глобалниот бизнис
  7. Информационите системи и менаџерските процеси во организацијата
  8. Економика на информационите системи
  9. Анализа и усовршување на постојните информациони системи
  10. Методи за изградба на информационите системи

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  • Кенет К. Лаудон, Џејн П. Лаудон, Менаџмент информациски системи:управување со дигитална компанија, Единаесето издание, Прентис Хол, 2010, Официјален превод     

Дополнителна:

  • Џорџ Маракас, Џејмс Обрајан, Основи на информациони системи – изгубен лист, Шеснаесето издание, Мегроѕ Хил, 19 Јануари 2012

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

Целта на предметната програма Менаџмент информациони системи е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на информационите системи како и со специфични вештини за примена на тие знаења во практиката за анализа и решавање проблеми.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:

  • Да ја разберат улогата на информацијата и информационата технологија во менаџментот на современиот бизнис;
  • Да бидат способни да развијат информациона стратегија во согласност со бизнис стратегијата на компаниите;
  • Да бидат способни да ги анализираат и идентификуваат информационите потреби и истите да ги преведат во дизајн на информационен систем;
  • Да бидат способни да управуваат со информациите и знаењето во организациите;
  • Да бидат способни да ги евалуираат економските аспекти на информационите системи и информационата технологија;
  • Да бидат способни да развијат ефективен бизнис случај за нови проекти во доменот на информационите системи.