Студиски програми

Деловно планирање


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
MGT 330 Менаџмент 6 6+0 8,00
Предавачи
Стојан Дебарлиев

Задолжителен предмет за студиските програми за департманите: Менаџмент

 

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ:

Предметната програма по предметот Деловно планирање е концепирана да им овозможи на студентите да го разберат значењето на свесното и планско однесување на претпријатието во современи услови на стопанисување. Во тие рамки, да се покаже како се подготвуваат и донесуваат плански одлуки за цели, политики и планови, засновани на предусловите за ефикасно и ефективно планирање. Посебно внимание е посветено на методологијата и методите и техниките за планирање при формулирањето на деловните стратегии и изработката на стратегиските и бизнис плановите на претпријатијата.

Клучни зборови: планирање, цели, политика, стратегија, планови,  

 

СОДРЖИНА:

ДЕЛ  1 КАРАКТЕРОТ И КОНЦЕПТОТ  НА ПЛАНИРАЊЕТО 

ГЛАВА 1        СУШТИНА И ВАЖНОСТ НА ПЛАНИРАЊЕТО  

ГЛАВА 2        ПЛАНИРАЊЕТО и МЕНАЏМЕНТОТ  

ДЕЛ 2 ПРОИЗВОДИ НА ПРОЦЕСОТ НА ПЛАНИРАЊЕ  

ГЛАВА 3        ЦЕЛИТЕ - ПРОИЗВОД на ПЛАНИРАЊЕТО  

ГЛАВА 4        ДЕЛОВНАТА ПОЛИТИКА - ПРОИЗВОД НА ПЛАНИРАЊЕТО  

ГЛАВА 5        ПЛАНОТ - ПРОИЗВОД на ПЛАНИРАЊЕТО  

ДЕЛ 3 ПРЕДУСЛОВИ ЗА РАЦИОНАЛНО ПЛАНИРАЊЕ  

ГЛАВА 6        ПРЕДВИДУВАЊЕТО - ПРЕДУСЛОВ за ПЛАНИРАЊЕ  

ГЛАВА 7        ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПЛАНИРАЊЕТО   

ГЛАВА 8        МЕНАЏЕРСКО ОДЛУЧУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ  

ДЕЛ 4 СТРАТЕГИСКО И ТЕКОВНО ПЛАНИРАЊЕ   

ГЛАВА 9        КАРАКТЕРОТ НА СТРАТЕГИСКОТО ПЛАНИРАЊЕ  

ГЛАВА 10      МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ   

ГЛАВА 11       ИЗРАБОТКА НА УСПЕШЕН БИЗНИС ПЛАН   

ГЛАВА 12      ОПЕРАТИВНИ ТЕХНИКИ ЗА ПЛАНИРАЊЕ  

 

ЛИТЕРАТУРА:

      Основна литература:

  1. Бобек Шуклев и Стојан Дебарлиев: Деловно планирање, петто издание, Економски факултет - Скопје, Скопје, 2013.
  2. Ричард Луек и Алфред Е. Озборн: Претприемачки алатки: Алатки и техники за почнување и раст на нов бизнис, Европа 92, Кочани, 2013.

Дополнителна литература:

  1. Tim Berry: The Book of Business Planning, Alto Software, Inc, 2000
  2. Craig S. Fleisher and Babette E. Bensoussan: Strategic and Competitive Analysis: Methods and Techniques for Analyzing Business Competitio, Prentice Hall, 2003

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА:

Цел на предметната програма Деловно планирање е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на планската активност во претпријатијата и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на деловното планирање, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:

  • Да го разберат значењето и неопходноста од планското размислување и делување на претпријатијата при нивното функционирање;
  • Да ги разберат елементите и фазите во процесот на планирање;
  • Да го разберат значењето на предусловите за планирање (предвидување, одлучување, организирање на планирањето) врз квалитетното и рационално планирање на развојот и работењето на претпријатието;
  • Да стекнат аналитички вештини за проценка на екстерното и интерното окружување, идентификување на критичните фактори за успех и развивање на соодветни конкурентски предности во претпријатијата;
  • Да ја применат методологијата и методите за планирање при формулирањето на деловните стратегии и изработката на стратегиските планови, бизнис плановите и тековните планови во претпријатијата;
  • Да стекнат вештини за успешно комуницирање на своите бизнис идеите и презентација на стратегиските и бизнис планови.