Студиски програми

Економски развој


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ECN 320 Менаџмент 6+0 8,00
Предавачи
Гоце Петрески

Опис

Курсот по економски развој е заснован на апликација на стандардна економска анализа. Студиите се фокусирани на изучување на теориите, моделите, политиките и меѓународните искуства во развојот. Целта е оспособување за разбирање и анализа на процесите на растот и развојот и проблемите на динамизирање и одржливост на растот како и меѓународните аспекти на развојот. Претходни барања се завршени курсеви од макро и микроекономија, математика и квантитативна анализа. Подлабоки познавања од одделни дисциплини и субдисциплини како што се применета економија, инвестиции, јавни финансии, монетарна економија, меѓународна трговија, меѓународни финансии, и др. се комплементарни и корисни за совладување на содржината на курсот.

Содржина

  • Ефикасност и алокација на ресурсите- (анализа на проекти)
  • Емпириски исражувања и верификации
  • Меѓународни аспекти на развојот
  • Извори, фактори и детерминанти на растот
  • Теории и модели на економскиот раст
  • Стратегии на развојот
  • Економскиот развој и структурните промени
  • Проблеми на домашната развојна политика
  • Монетарната политика и економскиот раст
  • Фискалната политика и алокацијата на ресурсите
  • Технолошките промени и развојот
  • Вовед- Одредници и теоретски принципи
  • Цели и дилеми на развојот
  • Мерење на нивоата, растот и промените
  • Проектирање на развојот и развојното одлучување

Литература

  • Работни материјали, презентации, емпириски студии и истражувања
  • Barro, Robert and Xavier Sala-i-Martin Economic Growth, second edition, MIT Press: Cambridge MA 2003
  • Charles Jones, Introduction to Economic Growth, W.W. Norton and Company, New York, 2006
  • David Weil, Economic Growth, Addison-Wesley, 2008 ISBN-10: 0321416627.
  • Malcom Gillis, Dwight H.Perkins, Michael Roemer and Donald R. Snodgrass: Economic Development, International student edition, W.W. Norton and Company, New York, 2006
  • Гоце Петрески: Економски раст и развој, Економски факултет, Скопје, 2002
  • Michael P. Todaro, Stephen C. Smith Economic Development, 10th Edition, Addison-Wesley Series in Economics, 2008.

Цели

  • концептуалната подлога, поврзаноста на одделните политики со економскиот раст и импликациите од нивната примена во светот (монетарна, фискална, трговска итн.)
  • процесите на раст и развој во светот, растот и интеракциите на отворената економија со останатите (теоретските експликации на надворешната трговија, девизниот курс, рамнотежата во билансите на плаќања) ;
  • анализите на меѓународното финасирање на развојот, облиците и движењата на капиталот, инвестициите, странската помош, мултинационалните фирми и процесите на глобализација. Положбата и процесите во Република Македонија.
  • методолошкиот пристап и аналитичка апаратура за мерење и компарација на нивоата и динамиките на процесите на растот и нивните емпириски карактеристики;
  • поврзаноста на технолошкиот прогрес и економскиот раст од аспект на постигнување днамичка ефикасност и одржливост;
  • доминантните стратегиите на развојот во светот.
  • алокацијата на ресурсите, инвестициите и растот и нивната ефикасност
  • теоретските концепти (теориите) и нивната еволуција во објаснувањето на природата и процесите на растот и развојот;
  • аналитичката рамка, одделните концептуални пристапи и практичните економски и социјални импликации од процесите на економски раст и развој во националните економии, одделните региони и светот во целина;
  • меѓународните институционални аспекти на растот и развојот
  • детерминантите на растот и развојната улога и значење на одделните фактори и ресурси;