Студиски програми

Маркетинг менаџмент


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MKT 310 Менаџмент 4+2 8,00
Предавачи
Анита Циунова-Шулеска

Опис на предметот

Целта на наставата по предметот е студентите да добијат знаења од областа на управувањето со маркетинг-активностите, маркетинг-околина и нејзината динамичност и стимулирачко влијание врз работењето на претпријатијата, маркетинг-одлуките кои менаџерите ги прават во врска со стратегиите кои ги применуваат и последиците од тие стратегии, маркетинг-планирањето, маркетинг-тактиките и маркетинг-контролата. Поѓајќи од фактот дека во центарот на вниманието на секое претпријатијатие треба да е потрошувачот и неговите потреби и желби, потребно е да се донесат правилни маркетинг-одлуки како на ниво на претпријатието во целина,  така и на пониските нивоа на организација за да може претпријатието во целост да одговори на барањата на потрошувачите. За таа цел мора да се има знаења од областа на маркетинг-менаџментот.

Цели на наставата (очекувани резултати од наставата и знаења со кои ќе се стекнат идните дипломирани студенти)

 

   

По завршувањето на наставата:

1. Студентот треба да биде оспособен да ги примени основните портфолио матрици за анализа на деловното портфолио на претпријатието при избор на стратегијата на ниво на претпријатие

2. Студентот треба да биде оспособен да направи SWOT анализа врз основа на анализа на екстерната и интерната околина на претпријатието

3. Студентот треба да ја дефинира маркетинг-стратегијата и маркетинг-тактиката преку познавање на основните инструменти на маркетинг-миксот и концептите на сегментирање, таргетирање и позиционирање

4. Студентот треба да биде оспособен да донесува најдобри одлуки во врска со тоа дали да се применат некои маркетинг-активности преку испитување на финансиските и другите ефекти т.е. последици од тие одлуки

5. Студентот треба да ги разбира основните видови маркетинг-контрола и истите да ги примени во оценката на остварувањето на планираните резултати

 

Содржина на предметот:

  1. Пристап кон маркетинг менаџментот
  2. Планирање на маркетинг-активностите
  3. Маркетинг-стратегија
  4. Маркетинг-тактика (производ, цена, дистрибуција, промоција)
  5. Организација на маркетингот
  6. Маркетинг-контрола

 

Предуслов: Положени испити од втора година на студиите на Департманот по маркетинг

 

Препорачана литература:

  1. Јаќовски Бошко, Циунова-Шулеска Анита (2008): Маркетинг менаџмент, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје
  2. Kotler Philip, (2003), Marketing Management, eleventh edition, Prentice Hall, Inc.,, USA
  3. Winer S. Russell (2004), Marketing Management, second edition, Prentice Hall, Inc., USA

 

Начин на одржување на наставата: Предавања, поддржани со презентации преку слајдови