Студиски програми

Маркетинг политика на цени


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MKT 330 Менаџмент 4+2 8,00
Предавачи
Даниела Мамучевска

Опис

Наставната програма по предметот Маркетинг политика на цени обработува мошне значајна економска категорија со чија помош се разрешуваат и усогласуваат многубројните интереси на сите учесници во општествената репродукција на различни степени на нивната организираност. Цената како инструмент на маректинг миксот е единствен елемент кој остварува доход (за разлика од другите инструменти) и непосредно влијае врз производството, распоредот на доходот, алокација на средствата на трудот, темпото, структурата, и стабилноста на економскиот развој. Со оглед на тоа, во наставната програма се посветува внимание на формирање на цените, како и влијанието на одредени интерни и екстерни фактори кои се од витално значење за успешното опстојување на претпријатието на се потесниот домашен и надворешен пазар.

 

Содржина

 

  1. Цената како инструмент на маректингот
  2. Инструменти на продажната политика
  3. Дефинирање на маркетинг политика на цени
  4. Потреба од егзистирање на маркетинг политика на цени
  5. Цели на маркетинг политиката на цени
  6. Детерминанти на маректинг политиката на цени
  7. Организациони аспекти на маркетинг политиката на цени
  8. Флексибилност (н ефлексибилност) на маректинг политиката на цени
  9. Трошоци
  10. Побарувачка
  11. Конкуренција
  12. Системски услови и мерките на економската политика
  13. Постапки во формирањето на цените
  14. Методи за формирање на цените
  15. Улогата на графиконот на рентабилноста при формирање на цените
  16. Инструменти на маркетинг политиката на цени
  17. Маркетинг политика на цени при широк асортиман на производи
  18. Маркетинг политика на диференцирани цени
  19. Маркетинг политика на цени за нови производи
  20. Маркетинг политика на цени во трговските претпријатија

 

Литература

 

1. М.Милисављевиќ “Политика цена предузеча“,” Савремена администрација”,

Београд , ( било кое издание )

2. Д-р Б.Јаќовски “ Маркетинг “ Економски факултет, Скопје, 2000 година

3. Kent Monroe " Pricing", Mc Grow-Nill Publishing Company, New York 1990

4 Д-р С.Марковски :”Трошкови у пословном одлучивању “, Научна књига , Београд 1991

5. Thomas T. Nagle, Reed K. Holden: “ The strategy and tactics of pricing - A guide to profitable decision making”, 3rd edition, Prentice Hall Marketing Series, 2002

 

Цели

 

  • Да можат правилно да ги согледуваат и анализираат факторите кои влијаат врз формирањето на цените,
  • Активно да учествуваат во донесувањето на квалитетни одлуки при формирање на цените, користејќи го стекнато теоретско знаење кое е добиено со изучување на материјата предвидена во наставната програма,
  • Да го пренесуваат своето знаење на другите вработени,
  • Со стекнатото искуство, во текот на работењето да го унапредуваат маректингот и понатамошниот развој на претпријатието.