Студиски програми

Мултилатерален трговски систем


Шифра Студиска програма Часови Кредити
INT 330 Менаџмент 6+0 8,00
Предавачи
Катерина Тошевска – Трпчевска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Предметот ги запознава студентите со теоријата и функционирањето на Светската трговска организација како основа на мултилатералниот трговски систем. Содржината почнува со развојот на мултилатерализмот со старата ГАТТ спогодба и континуитетот до основањето на Светската трговска организација. Детално ќе биде разработена новата ГАТТ спогодба со нејзините 12 потспогодби. Потоа ќе бидат разработени основните аспекти на Спогодбата за трговијата со услугите и Спогодбата за трговските аспекти на правата на интелектуалната сопственост. Посебен акцент ќе биде даден на текот и реализацијата на преговорите во рамките на Доха агендата и новините кои се очекуваат на подрачјето на оленсувањето на трговијата. Составен дел на предметната програма е и разработка на ефикасноста на Механизмот за решавање трговски спорови и на Механизмот за контрола на трговските политики.

Клучни зборови: Светска трговска организација, Општа спогодба за трговија со стоки, Општа спогодба за трговија со услуги, Спогодба за трговските аспекти на правата за интелектуална сопственост.

  1. Билателаризам v.s. мултилатерализам.
  2. Резултати од Уругвајската рунда на мултилатерални трговски преговори.
  3. Третманот на стоките во современиот мултилатерален трговски систем.
  4. Третманот на услугите во современиот мултилатерален трговски систем.
  5. Третманот на правата на интелектуална сопственост во современиот мултилатерален трговски систем.
  6. Третманот на земјите во развој во современиот мултилатерален трговски систем.
  7. Третманот на регионалните економски интеграции во современиот мултилатерален трговски систем.
  8. Воспоставување на Механизам за решавање трговски спорови во рамките на СТО.
  9. Механизам на СТО за контрола на трговските политики на земјите.
  10. Перспективи за понатамошна либерализација на меѓународната трговска размена во рамките на СТО.

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  1. Светска трговска организација, Резултати од Уругвајската рунда на мултилатерални трговски преговори, правни текстови, Скопје, 2003.         
  2. Јолевски Зоран, Светскиот трговски систем, Матица Македонска, Скопје, 2006.

Дополнителна:

  1. Мацушита Мицуо, Шонбаум Томас Џ., Мавроидис Петрос Ц., Светска трговска организација, право, практика и политика, (превод од оригиналот), Просветно дело АД, Скопје, 2009.
  2. Hoekman Bernard M. and Kostecki Michel M., The Political Economy of the World Trading System: The WTO and Beyond, third edition, Oxford University Press, Oxford, 2009.

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

Цел на предметната програма Мултилатерален трговски систем е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења за функционирањето на мултилатералниот трговски систем и со специфични вештини за примена на тие знаења во практиката, покажувајки компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми.

По завршувањето на наставата, со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите би требало да добијат продлабочена претстава за можностите и перспективите на развојот на мултилатералниот трговски систем и неговото влијание врз земјите-членки како што е и Република Македонија. При тоа, студентите треба да бидат способни:

  1. да го разберат основниот концепт на мултилатералниот трговски систем и неговите најголеми недостатоци и пропусти;
  2. да го разберат комбинирањето и употребата на различни бариери во меѓународната трговска размена според новите правила на мултилатералниот трговски систем;
  3. да го разбираат Механизмот на СТО за решавање трговски спорови.