Студиски програми

Ревизија


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ACC 320 Менаџмент 4+2 8,00
Предавачи
Зорица Божиновска - Лазаревска

Опис

 

Предметот Ревизија е замислен да им понуди на студентите основни сознанија за концептуалните, теоретските и практичните аспекти на ревизијата во современото турбулентно опкружување. Креирањето на програмата е инспирирано од желбата на студентите кои се определиле да студираат на насоката сметководство и ревизија да им се овозможи во континуитет со изучуваните сметководствени дисциплини да ги заокружат стекнатите знаења од сметководството и ревизијата, подлабоко да навлезат во тајните на ревизорската професија и да станат успешни ревизори во практиката.

Основна цел на предметот е да укаже на клучните проблеми со кои, на почетокот на новиот милениум, се соочува ревизорската професија во светот и кај нас.

Материјата што ќе биде обработена во рамките на овој предмет ги расветлува фундаментите на ревизорската професија и амбиентот во кој истата непречено и континуирано егзистира, со потесно фокусирање на имплементирањето на професионалната регулатива, етичките норми на професионалното делување и релевантната законска регулатива. Во интерес на полесно совладување на материјата на студентите им се нуди комплексен пристап односно постапно чекор по чекор следење на процесот на ревизија од иницијалната фаза надоговарање на ангажманот, преку планирање на активностите и спроведување на постапките за ревизија до финалната фаза - презентирање на извештајот за извршената ревизија. Фундаменталните концепти на ревизијата: концептот на материјалност, ревизорски ризик и докази во ревизија се предмет на детално обсервирање од аспект на нивна имплементација во современата ревизорска практика. Наиспитувањето и оценувањето на системот на интерната контрола како прв, иницијален чекор во спроведувањето на ревизијата и се посветува икслучително внимание.

 

 

Содржина

· Поим, улога и значење на ревизијата и ревизирската професијаво современите економии

· Професионална регулатива во ревизорската професија – Меѓународни ревизорски стандарди на IFAC

· Професионална етика во ревизорската професија – Кодекс на етика на професионални сметководители на IFAC

· Професионална одговорност на ревизорите во откривање на измамите

· Планирање на процесот на ревизија

· Фундаментални концепти на ревизијата: материјалност, ризикот во ревизијата и доказите во ревизијата

· Интерна контрола

· Видови на ревизорски тестови

· Користење на методата на примерок во ревизијата

· Ревизорска документација

· Извештај на ревизорот

· Ревизорската професија во Република Македонија

· Меѓународни образовни стандарди на IFAC

 

Литература

· Божиновска, Лазаревска Зорица: Ревизија, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2011

· Alvin A. Arens, Randal J. Elder, Mark S. Beasley: Auditing and Assurance Services, An Integrated Approach, 10th edition, Prentice Hall, New York, 2005

· Knechel, Salterio, Ballou: Auditing, Assurance & Risk, Thomson, 2007

· Graham W. Cosserat, Neil Rodda: Modern Auditing, Wiley, 2009

 

Цели

· да ги развијат способностите за професионално расудување;

· да ја осознаат професионалната и законската регулатива иманентна за ревизорската професија;

· да се запознаат со клучните аспекти на ревизијата и нејзината улога во развиените економии;

· да ги интегрираат стекнатите сознанија за работењето на деловните ентитети во извештајот за извршена ревизија;