Студиски програми

Статистика за бизнис и економија


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
MST 120 Менаџмент 2 4+2 8,00
Предавачи
Драган Тевдовски

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Предметот овозможува разбирање на основите на статистичката анализа. Тој има за задача да ги оспособи студентите да ги користат основните статистички методи при решавањето на бизнис проблемите. Со аплицирање на статистичката методологија студентите мошне успешно ќе ги спознаваат, откриваат и експлицираат законитостите и односите помеѓу економските појави и феномени.

Клучни зборови: Статистика, примерок, статистичко заклучување, случајна променлива, регресиона анализа

 

 

СОДРЖИНА

  • Вовед
  • Дескриптивна анализа
  • Случајна променлива и распореди на веројатноста
  • Статистички примерок
  • Статистичко оценување
  • Тестирање на статистички хипотези
  • Анализа на варијанса
  • Хи-квадрат тест
  • Проста праволиниска регресија и корелација
  • Повеќекратна праволиниска регресија и корелација
  • Индексни бројки
  • Анализа на временски серии

 

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна литература:

  • Ристески, Славе и Драган Тевдовски: Статистика за бизнис и економија, четврто издание, Економски факултет, Скопје, 2010.
  • Ристески, Славе и Весна Буцевска: Статистика за бизнис и економија – Збирка задачи, Економски факултет, Скопје, 2001.
  • WEB страна http://www.eccf.ukim.edu.mk/statistika/
  • Њуболд, Пол, Карлсон Вилијам и Торн, Бети: Статистика за бизнис и економија, преведена на македонски јазик, Министерстерство за образование на РМ.

 

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По завршувањето на наставата, студентите треба:

  • да бидат способни да ја употребуваат дескриптивната анализа при анализата на податоците;
  • да бидат способни да ја користат веројатноста и случајните променливи во решавањето на бизнис проблемите;
  • да го разбираат статистичкото заклучување кое што претставува основа за интерпретирање на резултати и донесување на бизнис одлуки;
  • да бидат способни да ги користат корелацијата и простата и повеќекратната регресија;
  • да ги знаат основите на анализата на варијансата;
  • да ги разбираат основите на индексните броеви и методите за анализа на временските серии.