Студиски програми

Стратегиски маркетинг


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MKT 430 Менаџмент 4+2 8,00
Предавачи
Снежана Ристевска-Јовановска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Намерата на наставата по предметот е да им помогне на студентите во разбирањето на значењето, суштината и функционирањето на стратегискиот маркетинг. Оваа материја во теоријата на маркетингот спаѓа во доменот на најсуптилните прашања, бидејќи од особена важност за секој стопански субјект претставува познавањето начините на формирањето и практичното аплицирање на маркетинг стратегиите. Содржината, карактерот и опфатот на предметот произлегуваат од структурата на наставниот план на Економскиот факултет во Скопје, според кој насочувањето на студентите при совладувањето на повеќето дисциплини е специјализирано. Имајќи го тоа предвид во овој труд во голема мера е направен обид за што поконкретно и подетално да се обработат прашањата сврзани со разбирањето на видовите стратегии на маркетинг, при тоа водејќи се од меѓусебната условеност и поврзаност на наставните дисциплини кои се изучуваат на департманот по Маркетинг.

Клучни зборови: Стратегиско планирање, сегментирање, таргетирање, позиционирање, конкурентски стратегии, производни стратегии, ценовни стратегии,  дистрибутивни стратегии, промотивни стратегии, меѓународни маркетинг стратегии

 

СОДРЖИНА

 I.  ВОВЕД ВО СТРАТЕГИСКИОТ МАРКЕТИНГ

II.  СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ НА МАРКЕТИНГОТ

III.  СЕГМЕНТИРАЊЕ, ТАРГЕТИТАЊЕ И ПОЗИЦИОНИРАЊЕ НА ПАЗАРОТ

IV.  КОНКУРЕНТСКИ СТРАТЕГИИ НА МАРКЕТИНГОТ

V.  ПРОИЗВОДНИ СТРАТЕГИИ

VI.  ЦЕНОВНИ СТРАТЕГИИ

VII.  ДИСТРИБУТИВНИ СТРАТЕГИИ

VIII.  ПРОМОТИВНИ СТРАТЕГИИ

IX.  МЕЃУНАРОДНИ МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИИ

 

ЛИТЕРАТУРА:

  1. Проф.д-р Снежана Ристевска-Јовановска, проф.д-р Бошко Јаќовски: “Стратегиски маркетинг”, Економски факултет –Скопје, 2003
  2. М.Милисавлјевиц, Ј.Тодоровиц:”Маркетинг стратегија”, Економски факултет, Београд, 1995
  3. William M.Pride and O.C.Ferrel:"Marketing concepts and strategies", eight edition, 1993
  4. Lester A.Neidell:"Strategic marketing management-an integrated approach", PennWell Publishing Company, Tulsa, Oklahoma,1983

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

  1. Идентификување и дефинирање на местото и значењето на стратегискиот маркетинг (поим и значење, неговиот историски развој);
  2. Анализа на пазарните можности за практично аплицирање на одредена маркетинг стратегија (анализа на макроокрожувањето; на купувачите и однесувањето на потрошува~ите; пазарна сегментација; анализа на конкуренцијата; анализа на индустриската динамика и на животниот циклус на производот; маркетинг истражување и пазарни мерки, и пазарни цели и позиционирање на одлуките);
  3. Развој на маркетинг микс стратегии (креирање на маркетинг микс стратегии; производни стратегии; ценовни стратегии; дистрибутивни стратегии; промотивни стратегии; продажни стратегии; маркетинг стратегии на продавачите на мало; брзината како стратегија на маркетингот; меѓународни маркетинг стратегии), пред се, во функција на долгорочна сатисфакција на потрошува~ите.
  4. Имплементација на маркетинг стратегиите (осознавање на неопходните елементи за имплементација на маркетинг стратегии; анализа на критичните елементи за имплементација на маркетинг стратегиите, како и организациона структура за имплементација на маркетинг стратегиите).
  5. Контрола и ревизија на маркетинг стратегиите (значење на контролата на маркетинг стратегиите; прибирање, анализирање и процесирање на маркетинг стратегиите; анализа на профитабилноста од примената на маркетинг стратегиите; COST-анализа);
  6. Анализа на ефикасноста од примената на маркетинг стратегиите, како и донесување на одлуки за ревизија на постојните маркетинг стратегиите или за започнување на нова маркетинг стратегија)