Студиски програми

Стратегиско сметководство на менаџментот


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ACC 470 Менаџмент 4+2 8,00
Предавачи
Зоран Миновски

Опис

Наставата по овој предмет има за цел да развие кај студентите размислување за информацијата подготвена за стратегиско одлучување од страна на врвниот менаџмент во претпријатието.Во таа насока студентите ќе се запознаат со концептуалната рамка за избор и реализирање на стратегијата, анализата на конкуренцијата, рамката на урамнотежени перспективи, анализа на профитабилноста на купувачите, управувањето со квалитетот и улогата на сметководството на менаџментот во интеракцијата помеѓу претпријатието и околината.


Содржина

  • Стратешкото сметководство во рамки на сметководството на менаџментот
  • Дефинирање на мисијата, целите и стратегијата
  • Рамка на урамнотежени перспективи (Баланце Сцорецард)
  • Анализа на конкуренцијата и сметководство за конкуренцијата
  • Сметководство на менаџментот и анализа на најдобрите практики (бенцхмарк аналѕсис)
  • Напредна производствена технологија,точно на време, целна цена на чинење и цена на чинење за животниот циклус на производот
  • Трошоци на квалитетот и управување со целосниот квалитет
  • Верижна анализа на вредноста
  • Анализа на профитабилноста на купувачите
  • Сметководство на менаџментот и околината на претпријатието

Литература

  • Слободан Марковски, Недев: Сметководство на менаџментот, Економски факултет –Скопје, 2003
  • Zehirul Hoque: Strategic Management Accounting,2nd edition, Pearson Education, 2006

Цели

По завршувањето на наставата. студентите треба да бидат способни да ги:
  • Разбираат основните концепти на формулирање и реализирање на стратегија
  • Применуваат техниките за подготвување на информација за конкуренцијата во контекст на формулирање на стратегијата 
  • Анализираат аспектите и успешноста на работење со купувачите
  • Разбираат нефинансиските и финансиските мерила на работењето воспостават комплексен систем на мониторинг на целокупното работење на претпријатието
  • Разбираат улогата на сметководството на менаџментот во развивањето на односите помеѓу претпријатието и неговата околина