Студиски програми

Теорија на одлучување


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MGT 260 Менаџмент 4+2 8,00
Предавачи
Благоја Ѓорѓијовски

Намерата на наставата по предметот е да ги оспособи студентите да го разберат процесот на донесување одлуки, односно како идни менаџери, на ефективен начин да донесуваат добри деловни одлуки. Во рамките на изучувањето на теоријата на одлучувањето, студентите ќе ги спознаат и разберат проблемскиот и процесниот пристап во одлучувањето. Проблемскиот пристап овозможува да се разберат деловните проблеми во организацијата, како тие се дефинираат и како се решаваат. Процесниот пристап пак овозможува да се спознаат процесите и постапките за донесување на деловните одлуки. Двата пристапи се поврзани и сочинуваат една целина. Подетално се изучуваат техниките за донесување одлуки, како и карактеристиките на индивидуалното и групното донесување одлуки. Исто така посебно внимание се посветува на надминувањето на лошите навики во одлучувањето. Предметната материја овозможува, исто така, студентите да се доближат до основите на системскиот пристап, системската анализа, теоријата на информациите и теоријата на информационите системи, кои пошироко се истражуваат во наредните студиски години. Донесувањето одлуки е суштествен дел на менаџерската професија. Преку изведувањето на вежби со практични примери, студентите практикуваат индивидуална и тимска работа и на тој начин се доближуваат до организационата реалност и се оспособуваат за правилно решавање на деловните проблеми.

Клучни зборови: проблем, ентропија, одлука, алтернативи, креативност, индивидуално одлучување, тимско одлучување

 

СОДРЖИНА

  1. Организациските проблеми како димензија на одлучувањето
  2. Фази во процесот на идентификација и решавање на проблемите
  3. Менаџерите и донесувањето на одлуките
  4. Стилови на одлучување
  5. Методи, техники и модели на донесување на одлуки
  6. Улога на креативноста во решавањето на проблемите и донесувањето на одлуки
  7. Индивидуалното наспроти тимското одлучување
  8. Надминување на лошите навики во одлучувањето

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

1. Ѓорѓијовски, Благоја, Теорија на одлучување книга I - 2000 и Теорија на одлучување книга II, Универзитетски учебници, Економски факултет-Скопје, 2003   

Дополнителна:

1. Макс Базерман, Дон Мур, Расудување во менаџерското донесување на одлуки, седмо издание, Вили анд Сонс, 18 – ти Август 2008

2. Џозеф Харингтон, Игри стратегии и донесување на одлуки, прво издание, Вортх Паблишер, 25-ти Јули 2008

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

Целта на предметната програма на Теорија на одлучување е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на ефективното менаџерско одлучување како и со специфични вештини за примена на тие знаења во практиката за анализа и решавање проблеми и носење на квалитетни одлуки.
 

Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:

  • Јасно да идентификуваат, формулираат и решаваат организациски проблеми
  • Да ги разликуваат различните видови на одлуки и нивните карактеристики
  • Да ја развиваат сопствената креативност и истата да ја применуваат во решавањето на проблеми и донесување на одлуки
  • Да ги совладаат различните квантитативни и квалитативни техники за донесување на одлуки
  • Да ги согледаат предностите и слабостите на индивидуалното и групното одлучување
  • Да се оспособат да ги надминат лошите навики во одлучувањето