Студиски програми

Теорија на организација


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
MGT 420 Менаџмент 7 6+0 8,00
Предавачи
Кирил Постолов

Намерата на наставата по предметот е да ги оспособи студентите да го разберат структурирањето, функционирањето и развојот на организацијата. Во рамките на тоа, студентите прво ќе стекнат знаења за историскиот развој на мислата на организацијата, односно како се развивала теоријата на организација во различните временски периоди од развојот на општеството. Потоа се дава акцент на влијанието на окружувањето, технологијата и големината и животниот циклус врз процесот на дизајнирање на организациската структура и организацијата во целина. Потоа се потенцираат некои процеси што настануваат во организацијата- моќта, политиката, организациската култура, како и воведување на концептите за криза и кризен менаџмент. На крај, посебно внимание е посветено на организациската струтура за новото време.

 

СОДРЖИНА НА ПРЕДМЕТОТ

  1. ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА МИСЛАТА ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
  2. ОРГАНИЗАЦИЈАТА И ОКРУЖУВАЊЕТО
  3. ОРГАНИЗАЦИСКА ТЕХНОЛОГИЈА
  4. ГОЛЕМИНА И ЖИВОТЕН ЦИКЛУС НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО
  5. ОРГАНИЗАЦИСКА ЕФЕКТИВНОСТ
  6. ДИЗАЈН НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
  7. МОДЕЛИ НА ОРГАНИЗАЦИСКИ СТРУКТУРИ
  8. МОЌ И ОРГАНИЗАЦИСКА ПОЛИТИКА
  9. ОРГАНИЗАЦИСКА КУЛТУРА
  10. КРИЗА И КРИЗЕН МЕНАЏМЕНТ
  11. ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА НОВОТО ВРЕМЕ

 

ЛИТЕРАТУРА:

  • Кирил Постолов: Теорија на организација, Економски факултет, 2011, Скопје
  • Гарет Р. Џонс: Современ менаџмент, Глобал комуникации, Скопје, 2008 година, Превод на 500 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитетит во САД и Европска Унија
  • Ѓорѓијовски Благоја, Бојаџиоски Димитар: Теорија на организација, Економски факултет, Скопје, 2003
  • R.Jones, Gareth: Organization Theory, Design and Change, Prentice Hall, New York, 2004
  • Mintzberg Henry, Quinn James Brian: The Strategy Process, Concepts, Contexts,Cases, 1991, Prentice- Hall Inc, Simon&Schuster, Englewood Cliffs, New Jersey
  • Steven Fink: Crisis Management- Planning for the Inevitable, Universe Inc., Lincoln, second edition, 2002.
  • I. I. Mitroff, Crisis Managemen and Environmentalism: A Natural Fit, California Management Review, Winter 1994.

 

ЦЕЛИ НА ПРЕДМЕТОТ

  • Осознавање на фазите во животниот циклус на организацијата;
  • Осознавање на различните правци во развојот на мислата за организација;
  • Осознавање на фазите во животниот циклус на организацијата;
  • Осознавање на моделите за мерење на организациската ефективност;
  • Осознавање на моделите на организациски структури.
  • Оспособеност во пракса на примена на основните постулати на различните теоретски правци за развој на организацијата;
  • Оспособеност во пракса да се применат сознанијата за фазите во животниот циклус на организацијата;
  • Оспособеност за разликување на различните модели за мерење на ефективноста и нивна примена во праксаата;
  • Оспособеност за  разликување на различните модели на организациски структури и нивно проектирање.