Студиски програми

Е-бизнис-дистрибутивни канали


Шифра Студиска програма Часови Кредити
EBU 350 Менаџмент 4+2 8,00
Предавачи
Лидија Пулевска Ивановска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Предметот ги запознава студентите со основните концепти, дефиниции и окружувањето на е-бизнис дистрибутивните канали. И во бизнис-кон-потрошувач и бизнис-кон-бизнис делот, повеќе истражувања укажуваат дека во следните неколку години, повеќе од клиентите, ќе користат повеќе онлајн канали за купување и набавка. Свесни за овој тренд постојните и новодоаѓачките компании во огромен број на индустрии се движат кон „цигла и клик” стратегии на дистрибуција за да привлечат, зголемат и задржат овие новонастанати клиенти преку повеќе е-бизнис дистрибутивни канали.

 

СОДРЖИНА

  • Структура и функции на е-бизнис дистрибутивните канали
  • Дизајнирање на каналите
  • Проток на каналите и анализа на ефикаснота
  • Густина на каналите
  • Извор и анализа на јазови во каналите
  • Моќта на каналите
  • Управување со конфликтите во каналите
  • Стратегиски сојузништва во дистрибуцијата
  • Создавањето вредност за потрошувачите
  • Вертикална дистрибуција
  • Избор на е-бизнис дистрибутивни канали
  • Трговија на мало во електронска комерција

 

ЛИТЕРАТУРА:

  • Anne T. Coughlan, Erin Anderson, Louis W. Stern, Adel I. El-Ansary, Marketing channels, seventh edition, Pearson education, Inc., 2006

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:

  • да ја разберат улогата, природата и различноста на различните дистрибутивни канали во е-бизнис окружување;
  • да ги идентификуваат и разберат ситуациите, условите и окружувањето во кои функционираат различните дистрибутивни канали;
  • да советуваат за насоката, целта и севкупната ориентација на компанијата кон користење на повеќе дистрибутивни канали, преку земање предвид на сопствените производи/ услуги, клиентите и информациксите технологии.