Студиски програми

Статистичка контрола на квалитет


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MST 321 Менаџмент 4+2 8,00
Предавачи
Весна Буцевска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ:

 

Главната цел на предметот е да им пружи на студентите општи знаења за методите на статистичката контрола на квалитетот. Со успешно совладување на наставата по овој предмет студентите ќе можат:

  1. да ги разберат принципите на модерните статистички методи на контрола и унапредување на квалитетот;
  2. да ги користат стандардните средства на статистичката контрола на квалитетот за анализа на податоците за производите со цел да утврдат дали процесите се под контрола или не;
  3. да се стекнат со знаење за современите деловни концепти како што се TQM и Six Sigma;
  4. точно да опишат како методите на статистичка контрола на квалитет резултираат со подобрување на квалитетот на производите и услугите, намалување на трошоците на производство и пружање на услуги и зголемување на ефикасноста и конкурентноста на компанијата;
  5. со користење на компјутери, да подготвуваат висококвалитетни графички и табеларни презентации за контрола на квалитет во форма на стандардните контролни карти на квалитет;
  6. да ја разберат улогата што ја има SPC во вкупната стратегија на контрола на процесите и на компанијата.

 

СОДРЖИНА НА ПРЕДМЕТОТ:

1. УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ ВО СОВРЕМЕНОТО БИЗНИС ОКРУЖУВАЊЕ

  • Значењето на квалитетот и неговото унапредување
  • Кратка историја на контролата и унапредувањето на квалитетот
  • Потребата од статистичката контрола на процесот (SPC)
  • Превенција наместо детекција
  • Цели на SPC
  • Статистички методи на контрола и унапредување на квалитетот
  • Менаџерски аспекти на унапредување на квалитетот
  • Управување со вкупниот квалитет–TQM (Развој на TQM; Типичен TQM модел; Успешни и неуспешни примени во “реалниот свет”)
  •  Концептот Six Sigma

 

2. OСНОВНИ КОНЦЕПТИ ВО СТАТИСТИКАТА И ВЕРОЈАТНОСТА

  • Опис на варијацијата
  • Прекинати рапореди на веројатност
  • Непрекинати распореди на веројатност
  • Некои корисни апроксимации
  • Заклучување за квалитетот на процесот

3.   МЕТОДИ И ФИЛОЗОФИЈА НА СТАТИСТИЧКАТА КОНТРОЛА НА ПРОЦЕСОТ (SPC)

  • Варијацијата и контролната карта: Случајни и систематски  причини за варијација на квалитетот
  • Дизајн на контролните карти
  • Останатите средства од седумте “величенствени”
  • Имплеменатција на SPC
  • Примена на SPC на постојниот производствен процес
  • Непроизводни примени на SPC

4. КОНТРОЛНИ КАРТИ ЗА ВАРИЈАБЛИ

  • Вовед
  • Контролни карти за X и  R
  • Контролни карти за x и S
  • Shewhart-ова контролна карта за индивидуални мерења
  • Резиме на постапките за X , R и S картите
  • Други контролни карти за варијабли
  • Примена на контролните карти за варијабли

 

5. КОНТРОЛНИ КАРТИ ЗА АТРИБУТИВНИ БЕЛЕЗИ

  • Некои практични ограничувања на контролните карти за варијабли
  • Контролна карта за учеството на неисправните производи  (p-карта)
  • Контролна карта за број на дефекти (c-карти и u-карти)
  • Криви на оперативни карактеристики за контролните карти за атрибутивни белези
  • Избор помеѓу контролните карти за атрибутивни и варијабилни белези
  • Постапки за примена на контролните карти

 

6. СПЕЦИЈАЛНИ КОНТРОЛНИ КАРТИ

  • Карти на кумулативна сума (Cusum) 
  • Контролни карти за експоненцијално пондерирани подвижни средини (EWMA)
  • Контролна карта на подвижен просек

 

7. СПОСОБНОСТ НА ПРОЦЕСОТ И ПРЕТХОДНА КОНТРОЛА

  • Способноста на процесот како чекор кон унапредување на процесот
  • Некои општи индекси на способноста на процесот
  • Разгледување на индексите на способноста на процесот
  • Предконтролни карти

8.   ДРУГИ ТЕМИ ВО ВРСКА СО КОНТРОЛНИТЕ КАРТИ И НИВНИТЕ ПРИМЕНИ

  • Карти на подвижни просеци
  • Статистичка контрола на процесот на кратки производни текови
  • Модифицирани и контролни карти на прифаќање
  • Контролни карти за процеси со повеќекратни текови
  • Контролни карти за индивидуални мерења
  • SPC со податоци за автокорелирани процеси
  • Економски дизајн на контролни карти

9. СЛЕДЕЊЕ И КОНТРОЛА НА ПОВЕЌЕКРАТНИТЕ ПРОЦЕСИ

  • Проблемот на повеќекратната контрола на квалитетот
  • Опис на повеќекратните податоци
  • Hotelling-овата T2 контролна карта
  • Повеќекратна EWMA контролна карта
  • Регресионо прилагодување
  • Контролни карти за следење на варијабилитетот

10. ПЛАНОВИ НА ПРИЕМ НА ПРИМЕРОК

  • Вовед
  • Планови на инспекција на единечен примерок
  • Двојни планови на инспекција на примерок
  • Секвенцијални планови на инспекција на примерок
  • Најчесто користени планови на инспекција на примерок
  • Дополнителни објаснувања

 

 

ЛИТЕРАТУРА

Основна литература:

1. Bissel, D., Statistical Methods for SPC and TQM, Chapman and Hall, 1994

2. Burr, I. W., Elementary Statistical Quality Control, (second edition), Marcel Dekker Publishing, 2004

3. Буцевска, В., Статистички методи и техники во процесот на контролата и управувањето со квалитетот, докторска дисертација, Економски факултет-Скопје, 2002 год.

4. DeVor, R. E., Chang, T. and Sutherland J. W., Statistical Quality Design and Control, Second Edition, Prentice Hall, 2006

5. Grant, E. and Leavenworth, R., Statistical Quality Control, 7th edition, McGraw-Hill Series in Industrial Engineering and Management, 2004.

6. Montgomery, D. C., Introduction to Statistical Quality Control, 7th edition, Wiley, New York, 2012.

7. Montgomery, D. C., Introduction to Statistical Quality Control, Student Resource Manual , 5th edition, , John Wiley & Sons, New York, 2005.

8. Њуболд, П., Карлсон, В. Л. и Торн, Б. М., Статистика за бизнис и економија со ЦД-РОМ, Шесто издание, 2009 година, Проекt „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“, Превод од англиски на македонски јазик и стручно читање: Проф. д-р Весна Буцевска.

 

Дополнителна литература:

1. Castillo, E., Statistical Process Adjustment for Quality Control, Wiley Series in Probability and Statistics, 2002.

2. Ledolter J, Statistical Quality Control: Strategies and Tools for Continual Improvement, John Wiley & Sons Inc., 1999.

3. Smith, G. M., Statistical Process Control and Quality Improvement, 5th edition, Prentice Hall College Division, 2003.

4. Ryan, T. P., Statistical Methods for Quality Improvement, 3rd edition, Wiley, 2011.

5. Zimmerman, S. M. and Icenogle, M. L., Statistical Quality Control Using Excel, ASQ Quality Press; 2nd Bk&Cdr edition, 2002