Економија


Департманот за Економија претставува континуитет во развојот на студиите на Економскиот факултет во Скопје, која за првпат се јави во 1959 година под називот општа економија. Подоцна, насоката го менуваше два пати својот назив и се именуваше макроекономија, односно економска политика и развој. Во сегашниот наставен план на Факултетот (донесен во 1998 година) оваа насока прерасна во департман кој беше именуван со називот економија.

Студентите што ќе ги завршат студиите на Департманот Економија ќе бидат способни да вршат (самостојно и во тимска работа) економска анализа и да учествуваат во решавањето на разни економски проблеми каде што ќе може и пошироко да се ангажираат, во разни сфери од општествениот труд, а пред сe следниве:

  • државни и други институции и државна администрација (парламент, влада, министерства, локална самоуправа, стопанска комора, управа на приходи, агенција за регионален развој, други агенции, разни заводи и др.);
  • банки и штедилници (народна банка, деловни банки, штедилници и др.);
  • дипломатско-конзуларни претставништва на државата во странство;
  • берзи-стоковни и берзи на хартии од вредност;
  • меѓународни организации (нивни претставништва во нашата земја или во други земји);
  • научни институции (факултети, економски институти, средни економски и трговски училишта и др.);
  • јавни претпријатија од областа на стопанството и нестопанството (електро¬стопанство, пошта, железница, образование, здравство и др.);
  • разни приватни и мешовити претпријатија (формирање сопствени или вработување во други претпријатија), итн.

Потребите од економски кадри од профилот што се формира со студирање економија, денес се во пораст во Република Македонија. Тие се предизвикани од конституирањето на државата како самостојна, демократска и социјална држава, а посебно со стратешката определба за изградба на нов пазарен економски систем со кој ќе се воспостави комуникација со системите на развиените земји.

Особено во актуелниот момент се чуствува голема потреба за создавање државна деловна администрација која ќе биде примерена на администрацијата во земјите со демократско општество и пазарно уредување, и која ќе може да се стави во функција на економскиот и општествениот развој.


Цели


Цел на студиската програма по ЕКОНОМИЈА е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на економијата и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

Знаење и разбирање:

  • Студентите ќе се оспособат да ги анализираат основните макроекономски агрегати и да ја утврдат нивната меѓусебна условеност во динамичка рамка;
  • Студентите ќе се стекнат со знаење и вештини да ги следат современите микроекономски тенденции, логиката на функционирање и поврзаноста на одделните пазари;
  • Студентите ќе се оспособат критички да ја анализираат компатибилноста, ефикасноста и импликациите од економските политики и нивните инструменти;
  • Студентите ќе се стекнат со знаење и вештини  да ги анализираат современите економски процеси во националните економии, регионалните економски интеграции и светската економија.

 

            Примена на знаењето и разбирањето:

  • Да се дијагностицираат реалните пазарни случувања, да се предвидат тенденциите на тие случувања како и да се анализираат ефектите на  економските политики врз микроекономските агенти и врз пазарните движења;
  • Да се пресметаат основните макроекономски агрегати и биланси, и критички да се анализараат  постојните макроекономски политики;
  • Да се направи критичка анализа на компатибилноста на компонентите и стимулите што ги испорачува економскиот систем;
  • Да се применат квантитативните методи на макро и микроекономската анализа во формулирање на нови пристапи и во анализата на постојните модели на економски раст во националните економии;
  • Да се даде критичка анализа на развојните политики и нивната примена во националното стопанство;
  • Да се анализираат општите процеси на економскиот развој во светот (посебно процесите на транзиција, регионализација и глобализација на светските економски текови) и нивното влијание врз националната економија.

             Способност за проценка:

  • Способност за набљудување и разбирање на економските движења и процеси, како и идентификување и прибирање на релевантни примарни и секундарни податоци, неопходни за анализирање на економските појави и процеси;
  • Способност за оценка и избор на теоретски знаења, методологии, алатки во клучните подрачја на економската наука;
  • Способност за анализа и интерпретација на добиените податоци, информации за определени движења и промени  и нивна примена во креирање решенија за определени економски дилеми и проблеми. 

 

            Комуникациски вештини:

  • Соодветна професионална комуникација за воспоставување соработка и презентирање на резултатите од спроведените анализи и истражувања;
  • Способност за независно учество во научни дискусии, иницирање и водење активности, тимска работа, критичко размислување, почитување на спротивните ставови и активно слушање на соговорникот;
  • Успешна примена на принципите и кодексите на професионалното деловно комуницирање.

             Вештини на учење:

  • Развиени вештини за учење, интерактивна дебата, набљудување, базични истражувања и анализи. Критички ја оценува соодветноста на методите на учење како и нивното влијание врз стекнувањето со знаења, вештините, компетентноста и примената во практика;
  • Способност за идентификување на сопствените потреби за континуирана едукација и професионален развој (последипломски, докторски студии) во областа на економијата и презема иницијатива за стекнува со нови знаење и вештини.

Понатамошни студии


Последипломски и докторски студии
Семестар   1
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
ECN 110 Основи на економијата 6+0 8,00 Таки Фити; Владимир Филиповски; Предраг Трпески
ACC 110 Основи на сметководството 4+2 8,00 Зорица Божиновска - Лазаревска; Љубиша Јаневски
MST 110 Математика за економисти 4+2 8,00 Гордана Билбиловска; Игор Ивановски

Семестар   2
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
MST 120 Статистика за бизнис и економија 4+2 8,00 Драган Тевдовски
MGT 110 Економика на претпријатие 6+0 8,00 Кирил Постолов; Стојан Дебарлиев

Семестар   3
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
ECN 220 Микроекономија 6+0 8,00 Даниела Мамучевска
ECN 230 Политика на социјален развој 6+0 8,00 Ристо Христов
ECN 210 Макроекономија 6+0 8,00 Трајко Славески

Семестар   4
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
ECN 240 Применета економија 6+0 8,00 Пеце Недановски
ECN 250 Управување со системи 6+0 8,00 Предраг Трпески

Семестар   5
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
ECN 340 Регионална економија 6+0 8,00 Наталија Николовска
ECN 320 Економски развој 6+0 8,00 Гоце Петрески
ECN 310 Економија на инвестиции 6+0 8,00 Методија Несторовски

Семестар   6
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
ECN 350 Развој на економската мисла 6+0 8,00 Борче Треновски
ECN 330 Економско планирање 6+0 8,00 Сашо Ќосев

Семестар   7
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
ECN 420 Економија на јавниот сектор 6+0 8,00 Љубомир Кекеновски
ECN 440 Економетрија 6+0 8,00 Весна Буцевска

Семестар   8
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
ECN 410 Државна регулација 6+0 8,00 Трајко Славески
ECN 430 Економски системи и глобализација 6+0 8,00 Љубица Костовска

Зимски
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU 210 Основи на дигиталната економија 4+2 8,00 Калина Треневска Благоева
MGT 220 Финансиски менаџмент 6+0 8,00 Сашо Арсов
INT 340 Надворешна трговија 6+0 8,00 Ирена Кикеркова
MKT 210 Основи на маркетинг 4+2 8,00 Снежана Ристевска-Јовановска
MGT 210 Основи на менаџмент 6+0 8,00 Леонид Наков
ECN 391 Политика на технолошки развој 6+0 8,00 Гоце Петрески
ECN 360 Аграрна политика 4+0 8,00 Сашо Ќосев
MGT 350 Производен менаџмент 4+2 8,00 Кирил Постолов
MGT 120 Деловна етика 4+2 8,00 Леонид Наков
FIN 410 Банкарски менаџмент 4+2 8,00 Горан Петревски
MKT 310 Маркетинг менаџмент 4+2 8,00 Анита Циунова-Шулеска
MGT 310 Стратегиски менаџмент 6+0 8,00 Љубомир Дракулевски
MKT 220 Однесување на потрошувачите 4+2 8,00 Снежана Ристевска-Јовановска
INT 110 Трговско право 4+2 8,00 Горан Коевски
FIN 210 Финансиски пазари и институции 6+0 8,00 Михаил Петковски
ACC 420 Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации 4+2 8,00 Зоран Миновски
FIN 310 Меѓународни финансии 4+2 8,00 Михаил Петковски
ECN 380 Индустриска политика 6+0 8,00 Љубомир Кекеновски
ECN 390 Општествено богатство и национални сметки 4+2 8,00 Билјана Ташевска
MKT 320 Промоција 4+2 8,00 Анита Циунова-Шулеска
MKT 420 Меѓународен маркетинг 6+0 8,00 Татјана Мирчевска-Петковска
MGT 420 Теорија на организација 6+0 8,00 Кирил Постолов
MGT 430 Деловно комуницирање 4+2 8,00 Благоја Ѓорѓијовски
MGT 410 Наука за менаџментот 4+2 8,00 Благородна Тодосиоска
MKT 340 Управување со производот 4+2 8,00 Ежени Брзовска
MGT 320 Менаџмент информациони системи 6+0 8,00 Никола Левков
INT 310 Европски економски интеграции 6+0 8,00 Љубица Костовска
MST 230 Анализа на временски серии 4+2 8,00 Марија Трпкова - Несторовска
MST 240 Демографија 4+2 8,00 Марија Трпкова - Несторовска
MKT 440 Директен маркетинг 4+2 8,00 Анита Циунова-Шулеска
ACC 330 Корпоративно финансиско известување 4+2 8,00 Атанаско Атанасовски
INT 220 Меѓународни организации и интеграции 4+2 8,00 Елена Макревска Дисоска
INT 410 Меѓународни трговски трансакции 6+0 8,00 Катерина Тошевска – Трпчевска
MKT 250 Методи на продажба 4+2 8,00 Димитар Јовевски
EBU 110 Основи на e-бизнис 4+2 8,00 Сашо Јосимовски
ACC 460 Сметководство на јавен сектор 4+2 8,00 Зоран Миновски
INT 430 Фискален и монетарен систем на ЕУ 6+0 8,00 Ѓорѓи Гоцков
ACC 210 Финансиско сметководство 4+2 8,00 Љубиша Јаневски
EBU 310 Организација на податоци во претпријатие 4+2 8,00 Сашо Јосимовски
EBU 340 Менаџмент на е-бизнис 4+2 8,00 Вера Наумовска
EBU 410 ЕРП системи 4+2 8,00 Калина Треневска Благоева
EBU 420 Е-менаџмент на односи со потрошувачите 4+2 8,00 Лидија Пулевска
EBU 350 Е-бизнис-дистрибутивни канали 4+2 8,00 Лидија Пулевска
MST 320 Квантитативни методи во финансии 4+2 8,00 Драган Тевдовски
FIN 330 Лични финансии 4+2 8,00 Кирил Јовановски
MST 321 Статистичка контрола на квалитет 4+2 8,00 Весна Буцевска
Летен
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
FIN 220 Монетарна економија 4+2 8,00 Горан Петревски
MKT 410 Маркетинг истражување 4+2 8,00 Николина Паламидовска-Стерјадовска
MGT 370 Проектен менаџмент 6+0 8,00 Сашо Арсов
ECN 130 Социологија 6+0 8,00 Ристо Христов
ECN 260 Економија на работната сила 6+0 8,00 Гоце Петрески
ECN 370 Девизна политика 6+0 8,00 Наталија Николовска
MGT 240 Менаџмент на човечки ресурси 4+2 8,00 Љупчо Ефтимов
MGT 260 Теорија на одлучување 4+2 8,00 Благоја Ѓорѓијовски
ACC 440 Анализа на финансиски извештаи 4+2 8,00 Зоран Миновски
MGT 360 Меѓународен менаџмент 4+2 8,00 Љубомир Дракулевски
MGT 330 Деловно планирање 6+0 8,00 Стојан Дебарлиев
MKT 230 Економика на внатрешна трговија 4+2 8,00 Ежени Брзовска
MKT 240 Маркетинг на трговски претпријатија 4+2 8,00 Анита Циунова-Шулеска
MKT 350 Маркетинг на услужни дејности 4+2 8,00 Снежана Ристевска-Јовановска
MKT 430 Стратегиски маркетинг 4+2 8,00 Снежана Ристевска-Јовановска
MST 235 Математички методи 4+2 8,00 Вера Наумовска
EBU 230 Информациони технологии 4+2 8,00 Сашо Јосимовски
MGT 130 Организациско однесување 4+2 8,00 Љубомир Дракулевски; Александра Јанеска-Илиев
ACC 320 Ревизија 4+2 8,00 Зорица Божиновска - Лазаревска
ACC 340 Сметководствени информациони системи 4+2 8,00 Љубиша Јаневски
FIN 230 Јавни финансии 4+2 8,00 Михаил Петковски
ACC 430 Интерна ревизија 4+2 8,00 Зорица Божиновска - Лазаревска
FIN 320 Банкарство 4+2 8,00 Ѓорѓи Гоцков
MST 310 Осигурување 4+2 8,00 Игор Ивановски
MGT 230 Менаџмент на мал бизнис 4+0 8,00 Александра Јанеска-Илиев
MGT 450 Претприемништво 4+0 8,00 Таки Фити
INT 210 Меѓународна економија 6+0 8,00 Ирена Кикеркова
MST 210 Економска статистика 4+2 8,00 Гордана Билбиловска
FIN 420 Хартии од вредност и портфолио менаџмент 6+0 8,00 Владимир Филиповски
MKT 330 Маркетинг политика на цени 4+2 8,00 Даниела Мамучевска
INT 320 Единствен пазар на ЕУ 6+0 8,00 Елена Макревска Дисоска
ECN 120 Еколошки менаџмент 6+0 8,00 Пеце Недановски
MGT 250 Корпоративно управување 4+0 8,00 Љубомир Дракулевски
ACC 410 Меѓународно финансиско известување 4+2 8,00 Зоран Миновски
INT 330 Мултилатерален трговски систем 6+0 8,00 Катерина Тошевска – Трпчевска
INT 420 Мултилатерална трговска регулатива 6+0 8,00 Весна Пендовска
MKT 450 Односи со јавноста 4+2 8,00 Николина Паламидовска-Стерјадовска
MGT 460 Менаџмент на перформанси 4+2 8,00 Љупчо Ефтимов
ACC 450 Сметководство на банки и други финансиски институции 4+2 8,00 Атанаско Атанасовски
ACC 220 Сметководство на трошоци 4+2 8,00 Марина Трпеска
ACC 230 Сметководствени контролни системи 4+2 8,00 Атанаско Атанасовски
ACC 470 Стратегиско сметководство на менаџментот 4+2 8,00 Зоран Миновски
ACC 310 Управувачко сметководство 4+2 8,00 Марина Трпеска
MST 420 Финансиска економетрија 4+2 8,00 Весна Буцевска
MST 430 Финансиска математика 4+2 8,00 Игор Ивановски
EBU 330 Планирање и развој на веб 4+2 8,00 Мартин Михајлов
EBU 320 Бизнис логистика 4+2 8,00 Лидија Пулевска
EBU 430 Системска анализа на е-бизнис 4+2 8,00 Мијалче Санта
EBU 360 Е-бизнис иновации 4+2 8,00 Мијалче Санта
EBU 440 Е-бизнис апликации во виртуелно окружување 4+2 8,00 Сашо Јосимовски
MGT 470 Меѓународен финансиски менаџмент 4+2 8,00 Сашо Арсов
MGT 440 Менаџмент на промени 4+2 8,00 Леонид Наков
FIN 340 Небанкарски финансиски институции 4+2 8,00 Елена Наумовска
MGT 340 Инвестиционен менаџмент 6+0 8,00 Методија Несторовски
MGT 380 Менаџмент на ризик 4+2 8,00 Александар Наумоски
FIN 430 Локални финансии 4+2 8,00 Сузана Макрешанска Младеновска