Студиски програми

Деловна етика


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MGT 120 Економија 4+2 8,00
Предавачи
Леонид Наков

Опис

Предметната дисциплина Деловна етика им овозможува на студентите да се запознаат со основите на моралот и етиката во деловното однесување во современи услови на стопанисување. Со изучувањето на оваа дисциплина студентите се запознаваат со: карактерот и содржината на деловната етика; суштината на менаџерската етика; етичките дилеми со кои се судрува менаџментот; етичкото однесување и факторите кои влијаат на него; етиката и општествената одговорност на менаџерите; барањата за етичко однесување и причините за неетичко однесување; кодексот на етика и неговата улога во одржувањето високи етички стандарди, управувањето со етичкото однесување; и, современите трендови во развојот на деловната етика.

Содржина

  • Етиката и опшествената одговорност
  • Карактер на деловната етика
  • Управување со етичкото однесување
  • Етичко однесување
  • Содржина на етиката во менаџментот
  • Перспективи на деловната етикa
  • Кодекс на етика

Литература

1. Олгица Блажеска: Деловна етика (авторизирана скрипта);

2. Леонид Наков: Деловна етика, (учебник во подготовка);

3. George T. De Richard: Poslovna etika, Filip Visnjic, Beograd, 2003;

4. Dramond Dz., Bejn B.:Poslovna etika, Klio, Beograd, 2001;

5. Bebek, B., Kolumbic, A.:Poslovna etika, Sinergija, Zagreb, 2000;

6. Kalacun S.:Poslovna etika, Ljubljana, 2001;

 7. Klose,A.:Poduzetnicka Etika, Skolska knjiga, Zagreb, 1996.


Цели

  • По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:
  • Го разберат етичкиот кодекс како основен законик на етиката кој треба да го има секоја фирма,
  • Ги идентификуваат обврските на менаџерите и на фирмите воопшто по однос на нивната општествена одговорност, во зависност од прифатениот концепт на таа одговорност,
  • Ги осознаат етичките теории и пристапи, критички ги проценат за подготвување на успешни деловни одлуки,
  • Совладување на речникот сврзан со деловната етика
  • Ги откријат бројните етички дилеми со кои се судрува менаџментот во деловното одлучување,