Европски економски интеграции
Шифра
|
Студиска програма
|
Часови
|
Кредити
|
INT 310
|
Економија
|
6+0
|
8,00
|
Предавачи
|
Љубица Костовска
|
ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ
Предметната дисциплина Европски економски интеграции има интенција да го прикаже економското интегрирање на ЕУ, низ фазите од царинска унија до економска и монетарна унија. Се поага од поимот и значењето на економските интеграции, пазарната интеграција и макроекономска координација, царинската унија и буџетот на ЕУ, за да се помине на интерните хоризонтални политики на ЕУ (конкурентска, регионална, социјална, монетарна и фискална, заштита на животната средина) и интерните секторски политики на ЕУ: индустриска, земјоделска, транспортна политика на енергетика и политика во областа на истражувањето и технологијата. Потоа се претставува ЕУ како глобален актер на светскиот пазар преку нејзините екстерни политики:надворешнотрговската политика на ЕУ, односите со земјите во развој, со земјите аспиранти за приклучување, со новопројавените пазарни економии и со развиените земји. На крај се даваат перспективите на европската интеграција со осврт на влијаниети на еврото во светската економија.
Клучни зборови: Економска интеграција, европска економска унија, регионални тровски договори, макроеконмска координација, хармонизација и координација на економските политики;
СОДРЖИНА
- Вовед – поим и значење на меѓународните економски интеграции;
- Основите на економско интегрирање на Европската Унија- од царинска до економска и монетрана унија;
- Интерни политики на ЕУ: хоризонтални и сеторски;
- Екстерните политики на ЕУ- надворешнотрговската политика
- Односите на ЕУ со земјите во развој
- Односите на ЕУ со земјите на БРИКС
- ЕУ и односите и перспективите во Тријадата
- Перспективите на ЕУ и еврото
ЛИТЕРАТУРА:
Основна:
- Николас Мусис, Пристап до Европската унија: право, економија, политики (превод на македонски јазик), Институт за европска интеграција, 2005
- Miroslav Jovanovic: Evropska ekonomska integracija, Centar za izdavacku delatnost Ekonomskog fakulteta u Beogradu, vtoro izdanie, 2006.
- R. Baldwin and Ch. Wyplosz, The Economic of European Integration, Third edition, McGrow Hill, 2009.
Дополнителна:
- Учебник во подготовка од предметниот наставник
ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА
По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни:
- Да ги разликуваат значајните карактеристики и механизми на функционирање на разните форми на економска интеграција;
- Да ги разликуваат и одделуваат предностите од слабостите на овие интеграции
- Да владеат со аналитичката апаратура за давање суд за способноста и подготвеноста на одредена земја – кандидат за пристапување во ЕУ
- Да ги мерат предностите и недостатоците од пристапувањето од ЕУ во даден степен од развојот на економијата.