Студиски програми

Економија на инвестиции


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
ECN 310 Економија 5 6+0 8,00
Предавачи
Методија Несторовски

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Предметот економија на инвестициите е дизајниран да даде сознанија, најпрво за макроекономскиот поглед и анализа на инвестициите и нивната поврзаност со економскиот раст и развој. Исто така, нуди сеопфатен пристап и за носење на инвестициона одлука на ниво на претпријатие. Во овој вториот, микроекономски пристап на проблематиката на инвесициите, предметната програмата нуди теориски и апликативни сознанија од областа на инвестициите на ниво на претпријатието, за процесот на инвестирање, подготовката на инвестициони студии, посебно на економскиот елаборат, оценката и изборот на инвестиционите проект и анализа на ризиците поврзани со инвестирањето.

Клучни зборови: инвестиции, странски директни инвестиции, економски раст, инвестиционен циклус, физибилити студија, инвестициони критериуми

 

СОДРЖИНА

  • инвестициите како економска категорија
  • структурна анализа на инвестициите
  • инвестициите и економскиот развој
  • детерминантите на инвестициите
  • извори на инвестициите
  • инвестиционен процес
  • анализи на релевантните фактори за изводливост на инвестиционите проекти
  • финансирање на инвестиционите проекти и цената на капиталот
  • проектирање на на паричните текови на проектот
  • економска ефикасност на инвестициите
  • периодот на враќање и стапката на приносот на инвестициите
  • нето - сегашната вредност и индексот на профитабилноста на проектот
  • интерна стапка на рентабилноста
  • инвестиционите критериуми во разни случаи на инвестирање
  • ризикот во оценката на ефикасноста на инвестиционите проекти

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  • Проф. д-р Методија Несторовски: “Економија на инвестициите”, учебник, Економски факултет, Скопје, 2005

Дополнителна:

  • Проф. д-р Никола Клусев: “Инвестиции”, Матица македонска, избрани дела, 2001
  • Методологиите на Светска Банка, Унидо, ОЕЦД – по сопствен избор на студентите
  • Софтвери за поддршка на програмата:
    • УНИДО: COMFAR III Expert  (посебно лиценциран софтвер  за настава на Економскиот факултет).
    • Microsoft: MS OFFICE  2000 – EXCEL,  функции за инвестициони критериуми.
    • Апликации на модели за инвестирање: Светска Банка, УНИДО, наши домашни банки и апликации изработени  работниот тим на предметот.

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

Целта на предметната програма по економија на инвестиции е да им овозможи на студентите исклучителни познавања за инвестициите како клучна варијабла на економскиот раст. Согласно со ова студентите треба да бидат способни за продлабочена макроекономска анализа. Во исто време, предметната програма треба да им овозможи на студентите познавања за процесот на инвестирање на ниво на претпријатие. Со помош на добро познавање на алатките во доменот на економско – финансиска анализа на инвестиционите проекти,студентите како идни менаџери треба да бидат способни за носење на вистинска инвестициска одлука и со тоа и раст и развој на компанијата во која ќе работат во иднина.

Поконкретно, студентите ќе имаат знаења, способност анализа и инвестиционо одлучување, а особено ќе ги владеат следниве проблеми во доменот на економијата на инвестициите:

  • да ги познаваат теориските аспекти на категоријата инвестиции и нејзината поврзаност со развојните процеси;
  • да го знаат процесот на инвестирање во претпријатието и на инвестирањето во јавниот сектор;
  • да го владеат процесот за подготовката на инвестиционите студии – прединвестициони, инвестициони и други);
  • да знаат како извршат факторските анализи за инвестиционите проекти;
  • да го знаат процесот на изготвување на економски елаборати, како делови од инвестиционите студии;
  • да извршат оценка на ефикасноста на инвестиционите проекти;
  • да го применуваат методолошкиот инструментариум за инвестиционо одлучување - универзалните инвестициони критериум, техники и методи за нивна пресметка;
  • да знаат да ги применуваат некои од најпознатите софтвери за изготвување на инвестициони студии и за оценка на инвестициони проекти — УНИДО, Светска Банка, Европска банка и други;
  • да ги разбираат теориските основи и да ги применуваат вообичаените техники за анализа на ризикот поврзан со инвестирањето - сензитивна анализа, сценарио анализа и други техники.