Студиски програми

Економско планирање


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
ECN 330 Економија 6 6+0 8,00
Предавачи
Сашо Ќосев

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Цел на програмата е да се презентираат теоретски и апликативни сознанија од областа на економското планирање и неговото значење за управувањето со процесот на економскиот развој во Република Македонија.

 

Клучни зборови: Економско планирање (планирање на развојот)

 

СОДРЖИНА

  1. Воведен дел
  2. Теоретски пристап кон економското планирање
  3. Процес на изработка на стратегија за економски развој
  4. Современи тенденции на економското планирање
  5. Методолошки основи на економското планирање

 

ЛИТЕРАТУРА

  1. Сашо Ќосев: Економско планирање, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2010
  2. Пјер–Ричард Агенор и Питер Џ. Монтиел: Развој на макроекономијата, гл. 1, 2 и 17
  3. Allmendinger, Philip: Planning in Postmodern Times, Routledge, London, United Kingdom, 2001
  4. Archibugi, Franco: Planning Theory – Towards an Integrative Planning Methodology, World Planning Schools Congres, Shanghai, China, 2001
  5. Bardsen, Gunnar, Eitrheim, Øyvind,  Jansen, Eilev S. and Ragnar Nymoen: The Econometrics of Macroeconomic Modelling, Oxford University Press, Oxford, United Kingdom, 2006
  6. Carnot, Nicolas, Koen, Vincent and Bruno Tissot: Economic Forecasting, Palgrave Macmillan, New York, USA, 2005
  7. Dale, Ragnar: Development Planning – Concepts and Tools for Planners, Managers and Facilitators, ZED Books, London, United Kingdom, 2004
  8. den Butter, Frank A.G. and Mary S. Morgan: Empirical Models and Policy-Making – Interaction and Institutions, Routledge, London, United Kingdom, 2000
  9. EUROSTAT: Manual of Supply, Use and Input-Output Tables, Office for Official Publications of the European Communities, Luxembourg, 2008
  10. Kirkpatrick, Colin, Clarke, Ron and Charles Polidano: Handbook on Development Policy and Management, Edward Elgar Publishing, Cheltenham, United Kingdom, 2002
  11. United Nations, OECD, IMF, World Bank, EUROSTAT: System of National Accounts 2008 (SNA 2008), United Nations Publications, New York, 2009

 

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

 

      Цел на предметната програма економско планирање е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на економското планирање и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на економското планирање, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена.

      Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите треба да бидат способни:

  1. да ја разберат појмовната определеност, значењето и содржината на економското планирање
  2. да ги владеат теоретските аспекти на економското планирање
  3. да ги знаат современите тенденции на економското планирање во светот
  4. да ги владеат методите за економска анализа и економско планирање и нивно користење за анализа на економските движења и во одредувањето на основните насоки и содржини на економскиот развој
  5. да се оспособат за критична анализа и формирање на сопствено мислење и оценка за економската реалност во Република Македонија, односно, за мерките и инструментите кои ги презема државата за решавање на одделни проблеми на економскиот развој, како и за нивна примена во економската практика.