Студиски програми

Математика за економисти


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
MST 110 Економија 1 4+2 8,00
Предавачи
Гордана Билбиловска; Игор Ивановски

Опис

Намерата на наставата по предметот е да им помогне на студентите во разбирање на значењето, суштината и потребата од примена на одредени математички методи и модели при решавањето на бројни проблеми од економската теорија и практика. Во таа насока, намерата е да се постават и надградат знаењата и искуствата на идните економисти, во апликативна и корелациона зависност со успешноста на нивното работење преку способноста за сеопфатно квантитативно анализирање и резонирање на економските процеси. Програмата на предметот има ниво на презентација што е разбирлив за студентите, приод кој се темели врз постепено развивање и совладување на математичките методи и модели и пред се ориентација кон решавање на практични проблеми со цел мотивирање на студентите за апликативно и целисходно користење на презентираната материја.

 

Содржина

 

  • Низи и редови
  • Комбинаторика
  • Веројатност
  • Линеарна алгебра
  • Изводи и интеграли
  • Сметковни операции од економската практика
  • Основи на финансиската математика

 

Литература

 

  • Јанев Драге: Математика за економисти, Економски факултет, Скопје, 2009.
  • Јанев Драге, Наумов Кире и Ивановски Игор: Применета математика – збирка задачи,  Економски факултет, Скопје, 2009.
  • Чианг, Алфа Ц, Вернрајт, Кевин: Основни методи во економска математика, Скопје, 2010, Табернакул, 690 стр.

 

 

 

Цели

 

  • да го разберат значењето, суштината и потребата од примена на одредените математички методи и модели при решавањето на бројни проблеми од економската теорија и практика.
  • да бидa способни за ефективно совладување и развивање на математичките методи и модели, преку ориентација за решавање на практичните проблеми изложени во презентираната материја, а во контекст на нејзина апликативна и целисходна примена и користење.
  • да развијат квантитативно аналитичка способност, во смисла на негово понатамошно учество во одредени научни и практични истражувања, од аспект на квантитативното изразување на појавите и проблемите од економската теорија и пракса.
  • да се стекнaт со способност за сеопфатно квантитативно анализирање и резонирање на економските параметри на макро ниво од аспект на корелационата поврзаност на истите со видот и промената на појавите.
  • да поседувата изградена и диференцирана квантитативна методологија од аспект на поставувањето и решавањето на различни проблеми од останатите економски дисциплини.