Студиски програми

Математички методи


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MST 235 Економија 4+2 8,00
Предавачи
Вера Наумовска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Преку наставата на овој предмет се остварува доближување на студентите до нумеричките информации за бизнисот и осознавање на улогата на квантитативните техники во процесот на донесување на одлуки. Денешните менаџери за успешност и рационалност на своите одлуки, истите треба да ги донесуваат од позиција на користење на квантитативни информации. Затоа преку овој предмет студентите ќе се запознаат со користење на квантитативната техника во разрешување на најразлични бизнис проблеми, како и проблрми поврзани со сметководствената проблематика.

Клучни зборови: пресвртна точка, модели на математичко програмирање, модели на одлучување, на симулации, на предвидување, теорија на игри, Марков анализа

 

 

СОДРЖИНА

  1. Математичките методи за современите бизнис анализи      
  2. Анализа на пресвртна точка 
  3. Линеарни модели во бизнис и    економија
  4. Линеарно програмирање      
  5. Транспортен проблем
  6. Проблеми на распределба  на активности (асигнација)                 
  7. Целобројно програмирање                              
  8. Основи за одлуЧувањето                             
  9. Теорија на игри                     
  10. Симулации во бизнис одлуЧување     
  11. Марков процес анализа                                                        
  12. Методи за квантитативно предвидување
  13. Методи на квалитативно   предвидување                

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  • Вера Наумовска Математички методи, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2010

Дополнителна:

  • Cliff T. Ragsdale Managerial Decision Modeling, Thompson-South Western, 2007
  • Barry Render, Ralph Stair Quantitative Analysis for Management (7th Edition),  Prenticehall, 1999
  • John E. Hanke, Arthur G. Reitsch, Dean W. Wichern Business Forecasting (8th Edition), Prentice Hall, 2004,
  • Peter Tryfos Methods for Business Analysis and Forecasting : Text and Cases,4 th ed., 1998
  • L.Lapin  Quantitative Methods for Business Decisions, Harcourt Pub., 1991
  • J.Curwin  Quantitative Methods for Business Decisions, 2002
  • J.H.Wilson & B.Keatting  Business Forecasting, Irwin, 1990

.

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По завршување на наставата и положување на испитот, стидентите треба да бидат способни да:

  • ја осознаат квантитативната апаратура во решавање на разновидни бизнис проблеми
  • да можат одредени бизнис проблеми да ги трансформираат во математички модел
  • да ги решаваат моделите со помошт на софтвер
  • да знаат да ги прочитаат добиените резултати по решавањето како квантитативни информации за менаџерско одлучување
  • врз база на добиените резултати да му сигнализираат на врвниот менаџмент каде што работат што значи добиеното решение т.е каква одлука треба да се донесе, а која би била најоптимална најефикасна.