Студиски програми

Меѓународна економија


Шифра Студиска програма Часови Кредити
INT 210 Економија 6+0 8,00
Предавачи
Ирена Кикеркова

Опис

Предметот меѓународна економија им припаѓа на фундаменталните економски дисциплини. Од него потекнуваат повеќе економски науки кои третираат потесни научни области од полето на економијата. Овој предмет има за задача да им овозможи на студентите да го состават мозаикот на сликата на современиот свет и карактеристиките на економските односи што владеат во него. За таа цел материјата што ја покрива овој предмет е поделена во неколку основни поглавја и тоа: 1. Основните теории на меѓународната трговија, 2. Видовите трговски политики и нивните инструменти, аргументите за и против нивното воведување и значењето и улогата на меѓународната трговска регулатива; 3. Карактеристиките на современите економски текови во меѓународната економија; 4. Карактеристиките на современиот меѓународен монетарен систем; 5. Пазарот на капитал; 6. Билансот на плаќања и 7. Проблемите што со себе ги наметнува процесот на глобализација.

Клучни зборови: меѓународна економија, економски текови, глобализација, регионализација,  биланс на плаќањата

 

Содржина

  • Вовед во меѓународната економија
  • Теории на меѓународната трговија
  • Инструменти на трговската политика и трговска политика по одделни земји
  • Меѓународна трговска регулатива
  • Карактеристики на современите економски текови
  • Меѓународен монетарен систем и меѓународни финансии
  • Пазар на капитал
  • Биланс на плаќањата

 

Литература

Основна:

  • Кикеркова, И. : Меѓународна економија, универзитетски учебник, Економски факултет-Скопје, 2003

Дополнителна:

  • Krugman, P. & Obstfield, M.: International Economics: Theory and Policy, Pearson Addison-Wesley, New York, 2009
  • Kenen, B. P.: The International Economy, IV ed., Cambrid, London, 2000
  • Pelevic, M : Medjunarodni ekonomski odnosi, Ekonomski Fakultet, Beograd, 2000

 

Цели на наствата:

Наставната програма од меѓународна економија треба да им овозможи на студентите:

  • да ги разберат придобивките од слободната трговија и причините што доведуваат до воведување на интервенционистички бариери што ја попречуваат;
  • да ги согледаат основните носители на тековите во меѓународната економија денес и начин на кој тие ги обезбедуваат своите конкурентски предности;
  • да стекнат знаења за карактериситиките на современите економски текови во меѓународната економија;
  • да ги совладаат основните карактеристики на Бретонвудскиот систем, како и карактеристиките на совремниот монетарен систем;
  • да ги сфатат основните карактеристики на меѓународните финасински текови и карактеристиките на основните сегменти на пазарот на капитал;
  • да стекнат претстава за билансот на плаќања и за значењето на макроекономската рамнотежа за националната економија;
  • да ги познаваат предностите и слабостите од примената на одредени теоретски концепции за враќање на билансот на плаќањата во рамнотежа.