Студиски програми

Меѓународни организации и интеграции


Шифра Студиска програма Часови Кредити
INT 220 Економија 4+2 8,00
Предавачи
Елена Макревска Дисоска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Предметната дисциплина Меѓународни организации и интеграции е конципирана со цел да ја прикаже институционализацијата на меѓународната заедница, т.е. заедницата на државите кои се стремат кон меѓусебни организирани односи. При тоа, интеграцијата, меѓузависноста и развојот на меѓународните организации и интеграции се анализираат од призма на единство на факторите од економската, политичката, историската, културолошката и другите сфери. Предметот ја покрива и материјата за глобализацијата на меѓународните односи, институционалната мрежа на односите, меѓународното економско интегрирање, како и eвропското економско интегрирање, при што Европската Унија се јавува како носечки столб на европските интеграциони процеси. Посебно место завзема анализата на меѓународната организираност на Р.Македонија.

 

Клучни зборови: Интеграција, меѓузависност, институционализација, глобализација

 

 

СОДРЖИНА

  1. Вовед – разбирање на меѓународните односи
  2. Институционализација на меѓународните односи – видови и улога на меѓународните организации и интеграции (МОИ)
  3. Глобализација на меѓународните економски односи
  4. Организација на обединетите нации (ООН) –центар на институционалната мрежа
  5. Позначајни меѓународни финансиски институции
  6. Регулирање на трговските односи во размената
  7. Меѓународно економско интегрирање
  8. Европско економско интегрирање- Европската унија, носечки столб на интеграционите процеси во Европа

 

 

ЛИТЕРАТУРА

Основна:

Секуловска-Габер, Билјана. Меѓународни организации и интеграции, Скопје, Економски факултет, 2003.

          

Дополнителна

Најнови материјали употребени во одделните презентации подготвени од страна на студентите и одобрени од страна на професорот.

 

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

Цел на предметната програма Меѓународни организации и интеграции е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на меѓународните економски односи и со специфични вештини за примена на тие знаења во практиката, покажувајки компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми.

По завршувањето на наставата, со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите би требало да добијат продлабочена претстава за можностите и перспективите на развојот на меѓународната заедница, а особено за предизвиците и импликациите од проширувањето на ЕУ кон земјите во транзиција, меѓу кои и кон Р.Македонија.

Притоа, студентите треба да бидат способни:

1. Појмовно да ги разграничат интеграцијата и меѓузависноста и критички да ја оценат улогата на меѓународните организации и интеграции.

2. Да ги побараат цената и бенефициите од глобализацијата (посебно за малите земји), а во таа смисла посебно и потребата од менување на надлежностите на одделни меѓународни организации и интеграции.

 3. Да го разберат основниот кодекс на однесување на меѓународните организации и интеграции, а тоа е почитувањето на институционалната рамка на секоја организација.

 4. Да ги идентификуваат обврските што произлегуваат од членството во одделна меѓународна организација и интеграција

 5. Да ја оценат историската важност во донесувањето одлука за членување во одредена меѓународна организација и интеграција.