Студиски програми

Меѓународни трговски трансакции


Шифра Студиска програма Часови Кредити
INT 410 Економија 6+0 8,00
Предавачи
Катерина Тошевска – Трпчевска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Предметот ги разработува оперативните аспекти на меѓународната трговска размена. Материјата почнува со анализа на сите аспекти кои се важни при склучувањето на договорот за меѓународна купопродажба на стоки и правилното поставување на ценовните паритети. Потоа се разгледуваат видовите на меѓународниот транспорт на стоки, меѓународната шпедиција и осигурувањето на стоката во меѓународниот транспорт. Неизбежен дел кај меѓународните трговски трансакции е и проучувањето на документите и инструментите на платен промет кои се составен дел на меѓународната трговија со стоки. Во рамките на предметот ќе бидат разработени и специјалните надворешнотрговски работи, основните принципи на функционирањето на електронската трговија и последните измени во царинското работење: воведувањето поедноставени царински постапки и преземањето мерки за водење бесхартиена трговија.

Клучни зборови: меѓународна купопродажба на стоки, меѓународен транспорт, меѓународна шпедиција, осигурување на стоките во транспорт, инструменти на платен промет со странство.

 

 

СОДРЖИНА

  1. Регулирање на меѓународната трговија со стоки.
  2. Меѓународен транспорт на стоки.
  3. Меѓународна шпедиција.
  4. Осигурување на стоката во меѓународниот транспорт.
  5. Документи во меѓународната трговија со стоки.
  6. Инструменти на платен промет со странство.
  7. Електронска трговија.
  8. Специјални надворешно-трговски работи.
  9. Поедноставени царински постапки и бесхартиена трговија.    

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  1. Николовски Александар, Сообраќај, второ издание,  Александар Николовски, Скопје, 2004
  2. Костов Никола, Меѓународно трговско право – меѓународна шпедиција – договор за шпедиција, РИ – Графика, Скопје, 2011
  3. Темјановски Ристе, Меѓународен транспорт и шпедиција, Европски универзитет Република Македонија, Скопје, 2006
  4. Николовски Александар, Меѓународна шпедиција, Александар Николовски, Скопје, 2002
  5. Николовски Александар, Осигурување во бизнисот, Факултет за општествени науки, Скопје, 2005
  6. Кикеркова Ирена, Надворешна трговија, Економски факултет, Скопје, 1997

 

Дополнителна:

  1. Змајшек Карло, Практичен прирачник за правилата ИНКОТЕРМС 2010, Карло Змајшек, Скопје, 2010
  2. Бизнис-соработка со ЕУ: меѓународни трговски документи во Македонија, уредник Лазо Ангеловски, Стопанска комора на Македонија, Скопје, 2010
  3. Прирачник за ТИР: Царинска конвенција за меѓународен транспорт на стоки со ТИР-карнети, Царинска Управа на Република Македонија, СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, Скопје, 2011
  4. Carr Indira, International Trade Law, 3rd edition, Cavendish publishing, Oxon, 2007

 

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

Цел на предметната програма Меѓународни трговски трансакции е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења за операционалните аспекти на функционирањето на меѓународната трговија со стоки  и со специфични вештини за примена на тие знаења во практиката, покажувајки компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми.

По завршувањето на наставата, со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите би требало да добијат продлабочена претстава за функционирањето на  различните трансакции во меѓународната трговија и функционирањето на сложеноста на меѓународниот синџир за снабдување со стоки. При тоа, студентите треба да бидат способни:

  1. Целосно да ги разбираат ИНКОТЕРМС правилата.
  2. Да ги познаваат и разликуваат специфичностите на одделните видови меѓународен транспорт на стоките, како и на осигурувањето на стоките во меѓународниот транспорт.
  3. Да ги разликуваат основните документи во меѓународната трговска размена.
  4. Да ги познаваат инструментите на платен промет со странство.