Студиски програми

Наука за менаџментот


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MGT 410 Економија 4+2 8,00
Предавачи
Благородна Тодосиоска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

 

Формирањето експлицитни модели за анализа и донесување менаџмент одлуки традиционално се нарекува Наука за менаџмент (НМ/ОИ). Содржината на предметот поаѓа од квантитативно – квалитативната анализа за согледување на проблемите и дефиниционите аспекти, воведувајќи ги студентите за проникнување во нивната суштина од гледна точка на егзактната научност. Изучувањето на содржината е корисно затоа што се фокусира (1) на реални ситуации и улогата на моделите, како и (2) градење и анализирање на моделите. Многу од изучуваните модели се генерички, кои можат да се користат во соодветни менаџмент и бизнис ситуации. Се акцентира односот меѓу менаџментот и моделот. Во тој контекст се обработени соодветни методологии и модели за: оптимално одлучување во услови на сигурност, неизвесност и ризик, како и за донесување на инвестициони одлуки; оптимизација на производство и пласман; менаџмент со – опрема, системи на залихи; симулација и линии на чекање; линеарна, повеќекритериумска и нелинеарна оптимизација, како и проект менаџмент. Сите презентирани модели, овозможуваат рамка за логична и конзистентна анализа како поддршка на менаџментот во донесувањето рационални и оптимални одлуки.

 

Клучни зборови: Квантитативно – квалитативна анализа, модели и моделирање, оптимизација, оптимално одлучување

 

СОДРЖИНА

 

  1. Економско – квантитативни основи на науката за менаџмент (НМ)
  2. Моделирање во менаџерското одлучување
  3. Методологија на оптимално одлучување
  4. Оптимизација на производство
  5. Менаџмент на временската замена на опрема
  6. Менаџмент на системи залихи
  7. Менаџмент на системи со редови на чекање (СРЧ)
  8. Симулација – квантитативна поддршка на менаџментот
  9. Оптимизација кај деловни системи
  10. Менаџмент на проекти

 

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  1. Благородна Тодосиоска: Наука за менаџмент, Економски факултет – Скопје, Скопје, 2001.
  2. Благородна Тодосиоска: Квантитативни методи и модели – апликација во економијата и менаџментот, збирка задачи, Економски факултет – Скопје, Скопје, 2004.

         

Дополнителна литература:

  1. A. Ravi Ravindran: Operations Research and Management Science Handbook, CRS Press, 2008.
  2. Barry Render, Ralph M. Stair and Michael E. Hanna: Quantitative Analysis for Management, 11th edition, Prentice-Hall, 2011.
  3. Bernard W. Taylor: Introduction to Management Science, 10th edition, Prentice-Hall, 2009.
  4. David R. Anderson, Dennis J. Sweeny, Thomas A. Williams, Jeffrey D. Camm and Kipp Martin: An Introduction to Management Science: Quantitative Approaches to Decision Making, 13th edition, Cengage Learning, 2011.
  5. Frederick S. Hillier, Mark S. Hillier, Karl Schmedders and Molly Stephens: Introduction to Management Science: A Modeling and Case Studies Approach with Spreadsheets, 3rd edition, McGraw-Hill/Irwin, 2008.
  6. Lawrence Lapin and William D. Whisler: Quantitative Decision Making with Spreadsheet Applications, 7th edition, Thomas Learning, Inc., 2002.
  7. Paul A. Jensen and Jonathan F. Bard: Operations Research Models and Methods, Wiley, 2002.
  8. Wayne L. Winston: Operations Research: Applications and Algorithms, 4th edition, Thomson Learning, Inc., 2004.

 

Софтвери за поддршка на програмата:

  1. Microсoft Excel – spreadsheet софтвер
  2. Microsoft Project 2007
  3. LINGO 13.0
  4. Crystal Ball

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

По положувањето на испитот по предметот Наука за менаџмент, студентите ќе бидат оспособени:

  1. Да ги користат сопствените стекнати вештини и интуиција за препознавање на суштината на реалните проблеми во различни бизнис ситуации за нивно успешно решавање;
  2. Да формираат соодветни експлицитни модели со вградени експлицитни цели и да ги користат квантитативните техники за изнаоѓање оптимално решение, како и постоптимална/сензитивна анализа при донесувањето на одлуки;
  3. Да бидат внимателни во врска со вклучувањето на варијабли и нивната дефинираност во рамки на измерливост и да оценат кои податоци се однесуваат за квантифицирање на варијаблите, како и детерминирање на нивната интеракција;
  4. Да ги препознаваат ограничувањата во врска со вредностите што можат да ги имаат овие варијабли;
  5. Да ги идентификуваат алтернативните одлуки што влијаат на целите и интеракцијата помеѓу нив, како и да донесуваат оптимални одлуки;
  6. Да комуницираат со идеи и да се усогласуваат во тимската работа.