Студиски програми

Политика на технолошки развој


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ECN 391 Економија 6+0 8,00
Предавачи
Гоце Петрески

Опис

Се разгледуваат карактеристиките на современите технологии и нивната поврзаност со економските промени кои доведуваат до изградба на стратегии за информационо општество, односно стратегии за економии базирани на знаењето. Се анализираат технолошките политики како дел на развојните политики во земји со различна развиеност и се става акцент на потребните промени на доменот на технолошкиот развој во државата.

Содржина

  • Технолошки политики во земји со различна развиеност и нивната улога во време на глобализација;
  • Политиката на технолошки развој во државата
  • Домени на технолошката политика;
  • Економски и технолошки процеси во услови на растечка межународна конкуренција;
  • Карактеристики на современите технологии, иновационо општесетво, економија базирана на знаење и глобализација на економијата;
  • Извори на технолошките промени и тие како извори на растот;

Литература

  • Kyambalesa, Henry,: The Quest for Technological Development: Constraints, Caveats and Initiatives, University Press of America, 2001
  • Поповска, Златка,: Политика на технолошки развој, Економски факултет, Скопје, 2000
  • Beije, Paul,: Technological Change in the modern Economy: Basic Topics and New Developments, Edward Elgar Publishing, New York, 2000

Цели

  • да се оспособат за користење на методолошките пристапи во конципирањето на технолошките политики на микро и макро ниво;
  • да се стекнат со способност за формирање креативен однос кон новите промени и нивно интегрирање во развојните политики на ниво на претпријатија и на ниво на национална економија
  • да се стекнат со знаење за политиките на технолошкиот развој и нивното поврзување со структурните промени во националните стопанства во земјите во развој и особено во земјите во транзиција кон пазарна економија;
  • да стекнат знаење за теоретските аспекти на создавањето и дифузијата на иновациите во време на глобализацијата;
  • да се стекнат со способност за компаративна анализа на технолошката способност меѓу различни земји;  
  • да ги разберат каузалностите меѓу технолошката политика и политиката на меѓународни економски односи, меѓу технолошките и развојни промени;