Студиски програми

Развој на економската мисла


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
ECN 350 Економија 6 6+0 8,00
Предавачи
Борче Треновски

Опис

Наставата по предметот Развој на економската мисла треба да им помогне на студентите да го разберат досегашниот развој на економската мисла, односно основните текови (школи) на економска мисла од античкиот период до денес, како и творештвото на најголемите умови во доменот на економската наука. Во тој контекст посебно внимание се обрнува на изучувањето на следниве прашања: економската мисла до настанувањето на економската наука, меркантилизмот како премин кон настанување на економската наука, класичната школа како почеток на економската наука, социјалутопизмот, историската школа, настанувањето и развојот на марксистичката економија, маргинализмот, институционализмот и неоинституционализмот, кејнзијанизмот, посткејнзијанизмот и новата кејнзијанска економија, радикалната политичка економија на новата левица, разните школи во рамките на неолибералната (неокласичната) економска мисла и др.

Содржина

  • Социјалистичката економска мисла
  • Разлики и сличности меѓу доминантните школи на економската мисла
  • Современа неолиберална (неокласична)економска мисла
  • Посткејнзијанизам и новата кајнзијанска економија
  • Неоинституционализам
  • Радикална политичка економија на новата левица
  • Економската мисла за економскиот развој
  • Кејнзијанизам
  • Институционализам
  • Развој на марксистичката економска мисла во XX век
  • Наместо заклучок
  • Марскистичката економија
  • Иториската школа на економската мисла
  • Претставници
  • Поим, настанување и основни карактеристики
  • Меркантилизам
  • Економската мисла во средниот век
  • Економската мисла во антички Рим
  • Економската мисла во античка Грција
  • Извори за изучување
  • Економската мисла во стариот век
  • Зошто се изучува развојот на економскта мисла?
  • Извори и пристапи на изучувањето на економската мисла
  • Поим и предмет на изучувањето на дисциплината развој на економската мисла
  • Маргинализам
  • Класична школа на економската мисла

Литература

  • Стојков Методија: Развој на економската мисла,(Универзитетски учебник) Економски факултет, Скопје (2002)
  • Marc Blaug: Economic Theory in Retrospect, University Press Cambridge, New York, (1995)

Цели

  • да можете со Ваши колеги, кои дипломирале на странски универзитети, рамноправно да дискутирате за прашања од доменот на општата историја на економската мисла и др.
  • по завршувањето на студиите да се чувствувате посигурни при анализата на проблемите со кои ќе се судрувате во текот на работата и животот;
  • да го збогатите фондот на сопствените знаења за економскиот живот и за инструментариумот на економската анализа, како и да го покачите степенот на сопствената економска култура и сл.
  • да се запознаете со досегашниот развој на економската мисла (резултати и слабости на одделни школи на економска мисла) и на тој начин ќе можете полесно да ја совладате материјата што се изучува на поконкретно ниво во други економски дисциплини;