Сметководство на трошоци
Шифра
|
Студиска програма
|
Часови
|
Кредити
|
ACC 220
|
Економија
|
4+2
|
8,00
|
Опис
Наставата по предметот сметководство на трошоци е насочена да им овозможи на студентите да ја разберат неговата интердисциплинарна содржина, а во тој контекст најнапред да ги сфатат сличностите и разликите на сметководствените дисциплини во рамките на сметководствениот систем за да можат полесно да ја користат неговата практична улога и комбинирањето податоци од различни области при изготвувањето на релевантни информации поврзани со трошоците, неопходни во одделни подрачја од деловното одлучување. Тоа го овозможуваат тематските подрачја посветени на: сметководството на трошоците во рамките на сметководствениот систем, трошоците и нивните поделби во менаџерскиот процес, анализа на трошоците трошоците, обемот на производството и реализацијата, сметководствени постапки на опфаќање на трошоците, сметководствено планирање и контрола на трошоците, стандардни трошоци и други мерила, облици на алокација на трошоците, вовед во сметководството на активности.
Содржина
- Сметководството на трошоците во рамките на сметководствениот систем.
- Трошоци и нивната поделба.
- Анализа на трошоците, обемот на производството и реализацијата.
- Сметководствени постапки на опфаќање на трошоците (поединечно производство, процесно производство).
- Сметководствено планирање и контрола на трошоците.
- Стандардни трошоци и други мерила.
- Облици на алокација на трошоците.
- Вовед во сметководството на активности.
Литература
- Марковски Слободан, Блажо Недев: Сметководство на менаџментот, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје (2003)
- Horngren, Charles T., Srikant M. Datar, George M. Foster: Cost Accounting, 12th edition, Prentice Hall, New York, (2008)
Цели
Со положувањето на овој предмет студентите треба да бидат способни да:
- Да ја согледаат улогата на сметководството на трошоци во рамките на сметководствениот систем и пошироко.
- Да ги определат основите за различно диференцирање на трошоците.
- Да го анализираат односот на трошоците, обемот на производството и реализацијата.
- Да ги диференцираат методите на сметководствено опфаќање на трошоците.
- Да ги сфатат предностите на сметководственото планирање и неговата ефикасна примена во претпријатието.
- Да ја осознаат потребата од алокација на трошоците.
- Да ја сфатат постапката за опфаќање на трошоците по пооделните активности.
- Да го сфатат значењето на бројни термини кои се поврзани со сметководството на трошоците.