Студиски програми

Управување со системи


Шифра Студиска програма Семестар Часови Кредити
ECN 250 Економија 4 6+0 8,00
Предавачи
Предраг Трпески

Опис

Третирањето на управувањето како универзален феномен дава можност за анализа на законитостите на растот и развојот на економските системи. Теоретските и методолошки основи на оваа анализа овозможуваат знаење за фунционирањерто на системите како динамички, комплексни и адаптивни системи во променливо окружување, знаење за процесите на одлучување врз основа на информационите повратни кола и знаење за проектирање и моделирање на економските процеси на микро и макро ниво.

Содржина

  • Интердисциплинарен пристап кон управувањето;
  • Системски пристап и системско мислење;
  • Од системи до повратни кола;
  • Управувачка економија: голем економски систем, одлучување, теорија на конфликти, функционирање на економските системи како организирани системи;
  • Информационен предизвик: управувањето и информационите системи во организациите;
  • системската анализа како методологија

Литература

  • Поповска, Златка, Управување, системи економија, Алнеда, 1995 Скопје
  • Sterman, John: Business Dynamics: Systems Thinking and Modeling for Complex World, Irwin McGraw- Hill, Лондон, 2000
  • Michael C. Jackson: Systems Thinking: Creative Holism for Managers, John Wiley and Sons Ltd. . Лондон, 2003

Цели

По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни:
  • да ги разберат општите законитости на управувањето како универзален феномен;
  • да ја осознаат корисноста на примената на системскиот пристап и системската динамика во третирањето на практичните економски проблеми;
  • да ги користат информационите повратни кола во процесите на припремање и донесување одлуки;
  • да ги поврзат сознанијата од интердисциплинарните области во моделирањето на економските процеси;
  • да стекнат сознание за значењето на системската анализа во проектирањето на економските системи;
  • да се оспособат за креативен однос во системското третирање на краткорочните и долгорочни економски појави на микро и макро ниво.