Студиски програми

Финансиска математика


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MST 430 Економија 4+2 8,00
Предавачи
Игор Ивановски

Опис

Предметот овозможува осознавање на конкретните математичките методи и модели и нивна примена во долгорочните финансиски операции. Тој има за задача да ги оспособи студентите да ги користат математички модели при решавањето на проблемите од економската теорија и пракса. Со аплицирање на математичките методи и модели студентите мошне успешно ќе ги спознаваат и користат практичните методи и модели неопходни во процесот на изготвување на економски и финансиски анализи и планови и донесување на економски и инвестициони одлики.

 

Содржина

 

  • Модели за пресметување на каматата
  • Периодични вложувања
  • Периодични примања
  • Модели на амортизација на кредити
  • Антиципативно пресметување на камата

 

Литература

 

  • Јанев Драге: Финансиска математика , Економски факултет, Скопје, 2010.
  • Јанев Драге: Математички таблици за економисти, Економски факултет, Скопје, 2010.
  • Deniel, Koks, Majkl, Koks: Математика за банкарство и финансии, Скопје, Арс Ламина, 2011, 295 стр

 

Цели

 

По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат во состојба да:
  • да го разберат значењето, суштината и потребата од примена на одредените математички методи и модели при решавањето на бројни проблеми од економската теорија и практика.
  • да бидa способни за ефективно совладување и развивање на математичките методи и модели, преку ориентација за решавање на практичните проблеми изложени во презентираната материја, а во контекст на нејзина апликативна и целисходна примена и користење.
  • да развијат квантитативно аналитичка способност, во смисла на негово понатамошно учество во одредени научни и практични истражувања, од аспект на квантитативното изразување на појавите и проблемите од економската теорија и пракса.
  • да се стекнaт со способност за сеопфатно квантитативно анализирање и резонирање на економските параметри на макро ниво од аспект на корелационата поврзаност на истите со видот и промената на појавите.
  • да поседуваaт изградена и диференцирана квантитативна методологија од аспект на поставувањето и решавањето на различни проблеми од останатите економски дисциплини.