Студиски програми

Фискален и монетарен систем на ЕУ


Шифра Студиска програма Часови Кредити
INT 430 Економија 6+0 8,00
Предавачи
Ѓорѓи Гоцков

Опис

Изучувањето на овој предмет треба да има овозможи на студентите да се запознаат со прашањата поврзани со хармонизацијата на даночните системи на земјите-членки на ЕУ, како и со поставеноста и функционирањето на Европскиот монетарен систем. Во таа смисла, во рамките на овој предмет, посебно внимание ќе биде посветено на следниве поважни прашања: даночните системи на избрани земји од Европската унија, фискалниот федерализам во одбрани земји од ЕУ, координација на фискалната политика во ЕУ, институционална поставеност на Европскиот монетарен систем, монетарната политка на Европската централна банка, Механизмот на девизните курсеви итн

Содржина

  • Даночни системи на избрани земји од ЕУ
  • Хармонизација на фискалната политика во ЕУ
  • Фискалните критериуми од Мастрихт
  • Фискален федерализам во одделни земји од ЕУ
  • Европска монетарна унија
  • Европски систем на централни банки
  • Механизам на девизните курсеви
  • Монетарната политика на ЕЦБ
  • Европски директиви за кредитните институции
  • Македонија во процесот на зачленување во ЕУ

Литература

  1. European Central Bank, The Monetary Policy of the ECB, Frankfurt, 2007
  2. Paul de Grauwe: "Economics of Monetary Union", 5 th edition, Oxford university press, 2003
  3. S.C. W .Eiffinger-J. de Haan, European Monetary and Fiscal Policy, Oxford university press, 2000 (chapter 3 and 4)
  4. Проф. д-р Љупчо Трпески, Банки и банкарско работење, прво издание, Скенпоинт, Скопје, 2009 год.
  1. Живко Атанасовски, Јавни финансии, Економски факултет, Скопје, 2005

Цели

  • ја познаваат структурата на даночните системи во поголемите европски економии,
  • ги анализираат проблемите на хармонизацијата на фискланата политика во ЕУ,
  • ја познаваат институционалната поставеност на Европскиот монетарен систем,
  • имаат увид во начинот на водење на монетарната политика на ЕЦБ,
  • ја познаваат регулацијата на ЕУ во однос на кредитните институции.