Студиски програми

Финансиско сметководство


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ACC 210 Економија 4+2 8,00
Предавачи
Љубиша Јаневски

Опис

Изучувањето на финансиското сметководство, пред се, претставува еден практичен пристап во изучувањето на сметководството, со што студентите ќе бидат во можност да ги препознаваат, истражуваат, совладуваат проблемите поврзани со екстерното известување, во една динамична и постојана промена на окружувањето. Посебно ќе се изучуваат проблемите на: основите и концептите на сметководството, разликите помеѓу книговодството и сметководството, националкниот сметковен план и негова примена, ќе се совладуваат сметководствените термини, ќе се изучува припремањето и употребата на финансиските извештаи во деловното одлучување, конкретно се третираат сите видови на средства, обврски и акционерски капитал, расходите и приходите, годишното информирање и слични проблеми.

Содржина

  • Поим, основи, потреба и значење на финансиското сметководство
  • Постојани средства
  • Обртни средства
  • Трошоци
  • Обврски и капитал
  • Расходи и приходи и финансиски резултат

Литература

  • Русевски, Трајко: Финансиско сметководство, трето издание, Сојуз на сметководители на Република Македонија, Скопје, 2002
  • Русевски, Трајко: Контен план, Сојуз на сметководители на Република Македонија, Скопје, 2003
  • Русевски, Трајко: Збирка задачи по сметководство, Сојуз на сметководители на Република Македонија, Скопје 2003
  • Русевски,Трајко, Т. Марков: Сметководство за почетници, Сојуз на сметководители на Република Македонија, 1997
  • Donald E. Kieso & Jerry J. Weygandt, Intermediate Accounting, 9th edition, John Wiley & Sons, Inc., New York, 1998

Цели

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни за:
  • Совладување на практичната анализа, евиденција и книжење на сметководствените трансакции
  • Примена на основните принципи, претпоставки, стандарди и законска регулатива во изработката на финансиските извештаи со општа намена
  • Изучување на посебни проблеми околу утврдување на расходите и приходите со цел рационално одлучување при алокација на трошоците
  • Поединечно запознавање со карактеристиките на речиси сите средства. обврски и капитал.