Студиски програми

Бизнис логистика


Шифра Студиска програма Часови Кредити
EBU 320 Економија 4+2 8,00
Предавачи
Лидија Пулевска Ивановска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Основната поставеност на предметот Бизнис логистика говори за неговата ориентираност кон управувањето со синџирот на снабдување. Во него се опфатени содржини кои се фокусирани кон унапредување на мноштвото аспекти на синџирот на снабдување т.е.: е-трговија во поглед на набавката, интерните комуникации, односите помеѓу инволвираните страни, како и е-тровијата во поглед на продажбата. Предметот Бизнис логистика претставува симбиоза на електронското снабдување, како и електронската продажба.

 

СОДРЖИНА

  • Вовед во логистиката/управувањето со синџирот на снабдување
  • Стратегија и планирање на логистиката/управувањето со синџирот на снабдување
  • Производот во фокусот на внимание на логистиката
  • Управување со порачки и услуги за потрошувачите
  • Логистички информациски систем
  • Управување со побарувачката и предвидување
  • Управување со набавките
  • Управување со залихите
  • Управување со транспортот
  • Управување со складирањето
  • Управување со производството
  • Е-бизнисот и управувањето со синџирот на снабдување

 

ЛИТЕРАТУРА:

Пулевска-Ивановска Лидија, Logistics/Supply Chain Management, второ издание, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет-Скопје, 2013.

         

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

Цел на предметната програма Бизнис логистика е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на логистиката и управувањето со синџирот на снабдување и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на логистиката и управувањето со синџирот на снабдување, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:

  • да ја разберат појмовната определеност, значењето и содржината на логистиката и управувањето со синџирот на снабдување;
  • да ги применуваат стекнатите знаења;
  • да ги идентификуваат главните елементи на управувањето со синџирот на снабдување и нивната поврзаност со синџирите на создавање додадена вредност во производството и мрежите на вредност;
  • да ги искористат потенцијалите на информациските системи за поддршка на управувањето на синџирот на снабдување и синџирот на создавање додадена вредност во производството;
  • да ги разбираат методите на предвидување и да ги применат при предвидување на побарувачката;
  • да ги познаваат и применат методите на управување со залихите и набавките.