Студиски програми

Лични финансии


Шифра Студиска програма Часови Кредити
FIN 330 Економија 4+2 8,00
Предавачи
Кирил Јовановски

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Предметот Лични финансии ќе ги запознае студентите со значењето на финансиското планирање и управувањето со личниот и семејниот финансиски буџет и ќе ги научи како по завршувањето на студиите да си обезбедат финансиска сигурност за себе и за своето семејството. Студентите по овој предмет ќе изучуваат реални теми кои ќе ги засегаат во иднина, како што се: изборот на кариера и потенцијалот за заработување, планирањето на домашниот буџет и управувањето со личните финансии, изборот помеѓу потрошувачката и штедењето, различните форми на инвестирање и задолжување, и сл

Клучни зборови: семеен финансиски буџет, управување со личните финансии

 

СОДРЖИНА

1. Избор на степен на образование, кариера и потенцијалот за идна заработувачка.

2. Планирање и управување со личните финансии .

3. Расположлив доход, инфлација и даноци.

4. Потрошувачка (карактеристики на пазарот, права и обврски на потрошувачите, заштита на потрошувачот, и сл.).

5. Штедење (видови депозити, пензиски и осигурителни шеми и сл,).

6. Инвестирање (акции, обврзници, инвестициони фондови, недвижности, и сл.).

7. Други аспекти на штедењето и инвестиците (принос, временска вредност на парите, каматна стапка, диверзификација, ризик и сл.).

8. Кредити (видови кредити, употреба на кредитни картици, управување со личниот долг, и сл.).

9. Осигурување (видови осигурителни шеми).

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

1. Kapoor. J.,  Dlabay. L., Hughes. J. R., “Personal Finance”, McGraw-Hill/Irwin, 2008.

2. Розен. Х., „Јавни Финансии“, (превод од Владата на РМ), 2008, Скопје.

Дополнителна

  • најнови материјали употребени во одделните презентации подготвени од страна на студентите и одобрени од страна на професорот.
  • Redhead. K., “Personal finance and investments”, 2010, Routledge, London
  • Garman. T. E., Forge,. R. “Personal Finances”, South West CENGAGE, 2012.

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

Студирањето на овој предмет треба ги оспособи студентите да:

- Да се оспособат студентите за донесување правилни одлуки во однос на изборот на кариерата и потенцијалот за идна заработувачка;

-  Да се оспособат за планирање и управување со личниот и семејниот буџет;

- Да стекнат знаења за личните финансии, концептот на расположливиот доход и инфлацијата;

- Да се оспособат за евалуација на даноците, разбирање на даночните постапки и плаќањето на даночната обврска;

- Да можат да донесуваат правилни одлуки во однос на изборот помеѓу потрошувачката и штедењето;

- Да ја разберат потребата од штедење и да можат да ги евалуираат различните форми на штедење;

- Да стекнат знаења за финансиските ризици и да можат да ги евалуираат различните видови финансиски инвестиции;

- Да можат да го пресметаат трошокот од задолжувањето и да се оспособат за управување со личниот долг; итн.