Студиски програми

Теорија на надворешна трговија


Шифра Студиска програма Часови Кредити
INT 230 Е-бизнис 4+2 8,00
Предавачи
Љубица Костовска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Целта на предметот е да се запознаат студентите со развојот на теоретската мисла низ економската историја за надворешната трговија, зошто нациите тргуваат, што е тоа надворешно-трговски импулс и од каде произлегува.Низ историјата, значењето и местото на надворешната трговија се менува и оттаму погледите и теоретските концепции еволуираат од меркантилизмот, преку преферирањето на слободната трговија, до појава и апликација на протекционизмот, современи форми на интервенционизмот и некои нови приоди кон теоријата за надворешна тровија до неолиберализмот на крајот на 20.век. Теоретските пристапи се одраз на времето во кое настанале и значењето на надворешната трговија кое и' се придава што е од особено значење за секоја земја во ерата на форсирањето на либерализацијата и глобализацијата. Оттаму пристапот на земјата, особено мала и отворена, кон тие прашања е круцијален за градењето на конзистентна економска политика со цел пооптимално вклучување во меѓународните текови и извлекување користи од истите.

Клучни зборови: Теорија, надворешна трговија, нарворешно-трговски импулс, либерализација, протексионизам, неолиберализам.

 

СОДРЖИНА

  1. Вовед во изучувањето на теоријата за надворешна трговија
  2. Краток преглед на економската мисла на стариот и средниот век
  3. Протекционистичките погледи во меркантилизмот
  4. Класичната теорија на надворешната трговија
  5. Неокласична теорија-разработка на компаративните предности
  6. Марксистички погледи на надворешната трговија
  7. Нови форми на протекционизам-историска школа
  8. Интервенционизам-појава, историска услевеност
  9. Понови теории на надворешната трговија-втора половина на 20.век
  10. Теорија на конкурентните предности на националните економии
  11. Теоријата на надворешната трговија и развојот

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  • Љубица Костовска: Теорија на надворешната трговија, Економски факултет, 2008      

Дополнителна:

  • Krugman P.:Internatinal Economics:Theory and Policy, 2004

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА: 

Студентите со овој предмет треба да се стектат со следните знаења и способности:

  • За значењето на размената, користите од неа т.е. зошто нациите тргуваат, ефекти од тргивијата и поделба на добивките од неа;
  •  за проникнување на разликите на поодделните и спротивставени теоретски концепции и последиците по развојот на меѓународната трговија и севкупниот економски развој;
  • За оспособување со аналитичко-критичка апаратура за анализа на различните теоретски концепции и последиците од нив за земјите ва меѓународната размена;
  • За објективен пристап кон различните теоретски концепции и нивното значење во историјата и развојот на надворешната трговија