Студиски програми

Деловно комуницирање


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MGT 430 Е-бизнис 4+2 8,00
Предавачи
Благоја Ѓорѓијовски

Намерата на наставата по предметот е да ги оспособи студентите да ја разберат многудимензионалноста на деловното комуницирање, односно како идни менаџери, на ефективен начин да комуницираат во организацијата и надвор, во контактите со деловниот свет. Во рамките на изучувањето на теоријата и практиката на деловното комуницирање, студентите ќе ги спознаат и разберат важоста и карактеристиките на деловните комуникации, повратното комуницирање, стиловите на комуницирање, комуникациската клима и комуникациските бариери. Посебно внимание е посветено на изучувањето на трансакционата анализа на комуникациите и на правилата на однесување во комуникациските процеси. Не помало е и значењето на говорното, невербалното и пишуваното комуницирање. Во рамките на говорното комуницирање студентите ќе се запознаат со теоријата на говорење, подготовката и држење на говори, водење на деловни состаноци, комуницирање преку телефон и деловно преговарање, но и со значењето на слушањето во комуницирањето. Невербалното комуницирање се изучува детално заедно со интеркултуралните разлики, а пишуваното комуницирање преку ослободување за пишување на различни видови писма и извештаи. Преку изведувањето на вежби со практични примери, студентите практикуваат напредни комуникациски техники што ќе овозможи да станат добри комуникатори

Клучни зборови: јавно говорење, преговарање, пишувана комуникација, говор на тело, трансакциона анализа, деловен состанок, ефективно слушање.

 

СОДРЖИНА

  1. Природата и содржината на деловното комуницирање
  2. Правила за ефективно однесување во комуникациите
  3. Трансакциона анализа
  4. Јавно говорење
  5. Слушање
  6. Говор на тело
  7. Пишувана комуникација
  8. Состаноци и комуникација преку телефон
  9. Преговарање

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

1. Мери Елен Гафи, Основи на деловно комуницирање, седмо издание, Томсон Саутх Вестерн, 2007, Овластен превод

2. Благоја Ѓорѓијовски, Деловно комуницирање, 2012, скрипта     

Дополнителна:

1. Кити Локер, Деловно комуницирање:Развој на критични вештини, петто издание, Мегроу Хил/Ирвин, 7 – ми Октомври 2010год.

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

Целта на предметната програма на Деловно комуницирање е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на бизнис комуницирањето како и со специфични вештини за примена на тие знаења во практиката како ефективни комуникатори.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:

  • Да ги разберат основните принципи на ефективната комуникација
  • Да ја разберат и применуваат трансакционата анализа во комуницирањето
  • Да постанат вешти говорници и пријатни соговорници
  • Да ги совладаат техниките за ефективно слушање и да постанат добри слушатели
  • Да развијат способност за ефективно водење на состаноци
  • Да ги совладаат техниките на пишувана комуникација и да составуваат квалитетни извештаи
  • Да ги осознаат интеркултурните разлики во комуницирањето
  • Да можат да бидат ефективни преговарачи и да постигнуваат успешни договори