Студиски програми

Директен маркетинг


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MKT 440 Е-бизнис 4+2 8,00
Предавачи
Анита Циунова-Шулеска

Опис на предметот:

Главниот фокус на овој предмет е ставен на принципите и процесите на директниот маркетинг. Предметот се фокусира на активностите на директниот маркетинг и маркетингот врз база на податоци како на маркетингот на градење долгорочни односи со купувачите и на нивната улога во деловното работење. Предметот нуди преглед на елементите на одлучување на директниот маркетинг, како и на медиумите на директниот маркетинг (директна пошта, каталошки маркетинг, телефонски маркетинг, директен одговор во печатените медиуми, директен одговор во масовните електронски медиуми, маркетинг преку мобилни телефони и on-line маркетинг). Студентите ќе стекнат знаење за база на податоци за купувачите, планирањето и позиционирањето на понудата, како и за креативната стратегија на директниот маркетинг. Разработена е посебна глава за етичките и правните прашања во директниот маркетинг.

Цели на предметот (очекувани резултати од учењето и компетенции што треба да се стекнат):

 

По завршувањето на предметот студентите треба да бидат способни:

  1. Да ги разберат основните елементи и улогата на директниот маркетинг во интегрираните маркетинг комуникации
  2. Да ја планираат понудата и да развијат креативна стратегија, користејќи ги маркетинг листите и потрошувачките бази на податоци
  3. Да ги разберат главните карактериситики, предности и недостатоци на медиумите кои се користат за директно да се комуницира со потрошувачите
  4. Примена на специјалните техники на директен маркетинг во креирањето на стратегијата на директен маркетинг 

 

Содржина на предметот:

  1. Историја и процеси во директниот и интерактивниот маркетинг
  2. Градење база на податоци
  3. Листа на купувачи и пазари
  4. Планирање и креирање на порака
  5. Пораката и одлуки во врска со медиумите во директниот и интерактивниот маркетинг
  6. Одговор на пораката и мерење на резултатите во директниот и интерактивниот маркетинг
  7. Маркетинг активности насочени кон веќе освоени купувачи (back-end marketing)
  8. Етички и правни прашања во директниот маркетинг
  9. Директниот маркетинг во различни дејности
  10. Медиуми на директниот маркетинг
  11. Маркетинг на градење долгорични односи преку интернет
  12. Истражување во директниот маркетинг и анализа на податоците

 

Предуслов: MKT 251 Basics of marketing

 

Препорачана литература:

  1. Spiller; Baier: Contemporary Direct and Interactive Marketing, Prentice Hall, 2010
  2. Edvard Nash, Direct Marketing: strategy, planning, execution, McGrow Hill, 4th edition, 2000
  3. Allan Tapp, Principles of Direct and Database Мarketing, fourth edition, Prentice Hall, 2008
  4. Sargeant Adrian, West C.Douglas, Direct and Interactive marketing, Oxford University Press, 2007

Начин на одржување на наставата:  класични предавања, интерактивни предавања, примена на Power point презентации и индивидуална или групна работа на студентите.