Студиски програми

Интерна ревизија


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ACC 430 Е-бизнис 4+2 8,00
Предавачи
Зорица Божиновска - Лазаревска

Опис

Предметот Интерна ревизија е замислен да им понуди на студентите основни сознанија за концептуалните, теоретските и практичните аспекти на интерната ревизија во современото турбулентно опкружување. Креирањето на програмата е инспирирано од желбата на студентите од кои се определиле да студираат на насоката сметководство и ревизија да им се овозможи во континуитет со изучуваните сметководствени дисциплини да ги заокружат стекнатите сознанија од сметководството и ревизијата, подлабоко да навлезат во тајните на интерната ревизија и да станат успешни интерни ревизори во практиката. Основна цел на предметот е да укаже на актуелните трендови во институционализирање и успешно функционирање на департманите за интерна ревизија во развиените национални економии и кај нас. Материјата што ќе биде обработена во рамките на овој предмет ги расветлува фундаментите на интерната ревизија и амбиентот во кој истата непречено и континуирано егзистира, со потесно фокусирање на релевантната законска регулатива и професионалната регулатива односно на стандардите за интерна ревизија и етичките норми на професионално однесување на интерните ревизори. Во интерес на полесно совладување на материјата на студентите им се нуди концепт на постапно навлегување во материјата преку разгледување на елементите од контролната структура, расветлување на прашањата поврзани со прибирање на релевантен и компетентен доказен материјал, постапно чекор по чекор следење на процесот на ревизија од иницијалната фаза на планирање на активностите на интерната ревизија до формулирање на извештајот за спроведената ревизија. Предмет на детално обсервирање е влијанието на информативните системи врз креирањето на активностите на интерната ревизија. Во фокусот на вниманието се и посебните ревизорски активности поврзани со идентификување на измамите како и активностите за координирање на работата на интерните ревизори со работата на екстерните ревизори. Конечно, во програмата исклучително внимание се посветува на процесот на едукација на интерните ревизори за стекнување на професионално звање со трансфер на искуствата во овој домен од националните економии со долга и богата ревизорска традиција.

Содржина

  • Управување со департманот за интерна ревизија
  • Поим, улога и значење на интерната ревизија во современите економии
  • Професионална едукација на интерните ревизори
  • Докази во интерната ревизија
  • Известување во интерната ревизија
  • Ревизија на измамите
  • Работна документација во интерната ревизија
  • Професионална регулатива во интерната ревизија
  • Процес на ревизија
  • Контролна структура
  • Развивање на годишен ревизорски план

Литература

  • Pickett, K. H. Spencer: The Essential Handbook of Internal Auditing, Wiley, West Sussex, 2005

Цели

  • да се запознаат со клучните аспекти на интерната ревизија и нејзината улога во развиените економии;
  • да ја осознаат професионалната и законската регулатива иманентна за интерната ревизија;
  • да ги развијат способностите за професионално расудување;
  • да стекнат сознанија за текот на активностите на интерната ревизија почнувајќи од планирањето на интерната ревизија па се до формулирање на извештајот и комуницирање со врвниот менаџмент на деловниот ентитет