Студиски програми

Корпоративно финансиско известување


Шифра Студиска програма Часови Кредити
ACC 330 Е-бизнис 4+2 8,00
Предавачи
Атанаско Атанасовски

Опис

Наставата по предметот ќе им помогне на студентите да се здобијат со знаења во врска со финансиското известување според Меѓународните стандарди за финансиски известување (МСФИ) и законската регулатива за подготовка на финансиските извештаи за екстерни цели кај компаниите во земјата. Студентите ќе бидат во можност да изградат разбирање за сметководствениот третман и ефектите врз финансиските извештаи кои ги имаат вообичаените трансакции со материјални и нематеријални основни средства, залихи, финансиски средства и обврски, резервирања и неизвесни обврски итн. Студентите би стекнале соодветни технички и аналитички вештини за подготовка и презентирање на финансиски информации во согласно со насоките на МСФИ.

 

Содржина

Регулаторно и концептуална рамка на финансиското известување.

Презентирање на финансиските извештаи за општа намена

            Известување за нетековни материјални средства

Нематеријални средства

Обезвреднување на средствата

Залихи и договори за изградба

Резервирања неизвесни обврски и неизвесни средства

Финансиски средства и обврски

Сметководство за наеми

Сметководство за даноци

Консолидирани финансиски извештаи

Сметководство за придружени ентитети

Заработка по акција

            Извештај за паричен тек

Литература

1. Финансиско известување, Институт на овластени ревизори, Скопје, 2012

2. Hoyle, Schaefer, Doupnik: Advanced Accounting, McGraw-Hill, Boston, 2009

3. Stice i dr.: Intermediate Accounting, South Western, Mason, 2007

 

Цели

 

Разбирање на основните концепти, принципи и барања на меѓународните стандарди за финансиско известување.

Евидентирање на најразлични трансакции, сочинување на финансиски извештаи и обелодување на информации во белешките кон финансиските извештаи.

Проценување на ефектите од економските и сметководствени настани и трансакции.

Разбирање на потребите на корисниците на финансиските извештаи во корпорацијата и надвор од неа.

            Да го подигнат и изградат своето етичко ниво.