Студиски програми

Маркетинг истражување


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MKT 410 Е-бизнис 4+2 8,00
Предавачи
Николина Паламидовска-Стерјадовска

Целта на наставата по овој предмет е да се запознаат студентите со процесот на маркетинг истражување и одделните фази од тој процес. Во таа насока се разработува дефинирањето на проблемот; одделните типови истражувачки проекти; видовите податоци и нивните извори; методите за собирање податоци; формите за собирање податоци; одделните типови примероци; начините за обработка и анализа на собраните податоци и на крај се обработуваат правилата за подготвување извештај од спроведеното истражување. Согласно маркетинг концептот, со посебно внимание се обработуваат одделните методи за истражување на инструментите на маркетинг - миксот  (производ, цена, дистрибуција и промоција); истражувањето на однесувањето на потрошувачите, како и меѓународното маркетинг истражување и маркетинг истражувањето на малите бизниси. 

 

Цели на наставата

1. Стекнување на знаења и вештини за самостојно спроведување на маркетинг истражувачки проект

2. Осознавање на одделните фази од процесот на маркетинг истражување 

3. Осознавање на квалитативните маркетинг истражувачки методи

4. Осознавање на квантитативните маркетинг истражувачки методи

5. Осознавање на методите за истражување на одделните инструменти на маркетинг миксот

 

Содржина

 

ДЕЛ I

ВОВЕД ВО МАРКЕТИНГ ИСТРАЖУВАЊЕТО

Глава 1: Детерминирање на маркетинг истражувањето  

Глава 2: Носители на маркетинг истражувањето

 

ДЕЛ II

ПРОЦЕС НА МАРКЕТИНГ ИСТРАЖУВАЊЕ

Глава 3: Истражувачки процес

Глава 4: Дефинирање на проблемот

Глава 5: Истражувачки проект    

Глава 6: Определување на карактерот на податоците и нивните извори

Глава 7: Методи за собирање податоци

Глава 8: Форми за собирање податоци

Глава 9: Методи на примерок

Глава 10: Обработка и анализа на податоците

Глава 11: Извештај за спроведеното истражување

 

ДЕЛ III

ПРИМЕНЕТО ИСТРАЖУВАЊЕ

Глава 12: Истражување во функција на развивање нов производ

Глава 13: Истражување во функција на атрибутите на производот

Глава 14: Истражување во функција на економската пропаганда

Глава 15: Истражување во функција на дистрибуцијата

Глава 16: Истражување во функција на определување на цената

Глава 17: Истражување на однесувањето на потрошувачите

Глава 18: Меѓународно маркетинг истражување

Глава 19: Маркетинг истражувањето и малите бизниси

 

Литература

 

1. Нада Секуловска, Марика Башеска – Ѓорѓиеска, Маркетинг истражување – информативен инпут за маркетинг менаџментот, трето издание, Економски факултет, Скопје, 2008 година

2. Дејвид А. Акер, В. Кумар, Џ. С. Деј, Маркетинг истражување, Табернакул, 2009

3. Марика Башеска – Ѓорѓиеска, Нада Секуловска, Водич за маркетинг истражување, Економски институт, Скопје, 2002 година

4. Нада Секуловска, Марика Башеска – Ѓорѓиеска, Татјана Петковска – Мирчевска, Маркетинг истражување преку интернет, Економски факултет, Скопје, 2003 година

5. Malhotra Naresh K.; Marketing Research: An applied orientation; 5th edition; New Jersey; Prentice Hall; 2007