Студиски програми

Маркетинг на услужни дејности


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MKT 350 Е-бизнис 4+2 8,00
Предавачи
Снежана Ристевска-Јовановска

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Намерата на наставата по предметот е да се запознаат студентите со маркетинг концепцијата во работењето на услужните претпријатија и како таа функционира во практиката. Поаѓајќи од неопходноста од примена на маркетингот во услужните претпријатија мора да се имаат во предвид разликите помеѓу услугите и производите а од таму и да се имаат во предвид специфичностите на маркетингот на услугите.  Во денешни услови кога услужните дејности бележат постојан развој не може да се занемари маркетиншкиот пристап во работењето на услужните претпријатија и задоволувањето на барањата на потрошувачите преку добра маркетинг програма. Исто како и кај производните претпријатија така и кај услужните претпријатија доброто управување со маркетингот на услугите е основа за успешно пазарно работење.

Клучни зборови: Услуга, производ, дистрибуција, ценовна политика, комуникациски микс, физички параметри, луѓе, процес, систем, продуктивност и квалитет

 

СОДРЖИНА

1.  УСЛУГИ И УСЛУЖЕН СЕКТОР

2.  ПОТРОШУВАЧИТЕ КАКО КОРИСНИЦИ НА УСЛУГИ

3.  КОМУНИКАЦИСКИ МИКС НА УСЛУГИТЕ

4.  ДИСТРИБУЦИЈА НА УСЛУГИТЕ

5.  ЦЕНОВНА ПОЛИТИКА НА УСЛУГИТЕ

6.  ФИЗИЧКИ ПАРАМЕТРИ (докази)

7.  КАДРИТЕ ВО УСЛУЖНАТА ИНДУСТРИЈА

8.  ПРОДУКТИВНОСТ И КВАЛИТЕТ НА УСЛУГИТЕ

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна литература:

1. проф. др. Снежана Ристевска – Јовановска:  Маркетинг на услуги, Скопје, 2013

2. проф. др. Снежана Ристевска – Јовановска:  Маркетинг на услуги, Скопје, 2012

Дополнителна литература:

1. Cristopher Lovelock, Jochen Wirtz: Services Marketing, People, Technology, Strategy, fifth edition, Prentice Hall, 2004

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА                                                                      

  • Да ги идентификуваат карактеристиките на услугите, преку идентификување на елементите според кои тие се разликуваат од производите, а кои се објаснети во рамки на материјата.
  • Детално да ги разберат инструментите на маркетингот на услуги преку поврзување на изложената материја, анализа на практични примери и изработка на проекти.
  • Да ги споредат и вреднуваат различните маркетинг стратегии од аспект на нивната специфичност кај услугите.