Намерата на наставата по предметот е да им помогне на студентите во разбирање на значењето, суштината и потребата од примена на одредени математички методи и модели при решавањето на бројни проблеми од економската теорија и практика. Во таа насока, намерата е да се постават и надградат знаењата и искуствата на идните економисти, во апликативна и корелациона зависност со успешноста на нивното работење преку способноста за сеопфатно квантитативно анализирање и резонирање на економските процеси. Програмата на предметот има ниво на презентација што е разбирлив за студентите, приод кој се темели врз постепено развивање и совладување на математичките методи и модели и пред се ориентација кон решавање на практични проблеми со цел мотивирање на студентите за апликативно и целисходно користење на презентираната материја.