Меѓународно финансиско известување
Шифра
|
Студиска програма
|
Часови
|
Кредити
|
ACC 410
|
Е-бизнис
|
4+2
|
8,00
|
Опис
Наставата по предметот меѓународно финансиско известување е насочена да им овозможи на студентите да ја разберат неговата интердисциплинарна содржина и позначајните трендови на сметководството во меѓународни рамки. Со изучувањето на овој предмет студентите треба да бидат во состојба да ги подготват, читаат, разберат и анализираат финансиските извештаи подготвени според барањата на Меѓународните стандарди за финансиско известување. Тоа го овозможуваат тематските подрачја посветени на: позначајните економски и други фактори кои влијаат врз усогласувањето на финансиското известување, трендовите во класификацијата на сметководствените системи, теориите на сметководството и сметководствените вредности, позначајните обележја на сметководствените системи во одделни земји, облиците на меѓународното финансиско известување, како и позначајни подрачја при примената на меѓународните стандарди за финансиско известување.
Содржина
- Развојни трендови на сметководството во меѓународни рамки
- Позначајни обележја на сметководствените системи на некои земји (САД, Велика Британија, Австралија, Франција, Германија, Јапонија, Кина)
- Облици на меѓународното финансиско известување
- Позначајни подрачја при примената на Меѓународните стандарди за финансиско известување (при преведувањето на странските валути, при деловните спојувања и консолидираните финансиски извештаи, при сегментираното известување, при заедничките вложувања и др.)
Литература
- Марковски Слободан, Блажо Недев: Меѓународно сметководство – Компаративни сметководствени системи, Универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 1997
- Frederick D. Choi and Gary K. Meek, International Accounting, 6th edition, 2007
Цели
- Знаење поврзано со развојните трендови на сметководството во меѓународни рамки..
- Знаење за процесите на усогласување на сметководствената практика и факторите кои влијаат врз усогласувањето на финансиското известување.
- Знаење за сметководствените практики на САД, Велика Британија, Франција, Германија, Јапонија, Кина и др.
- Познавање на регулативната рамка на финансиското известување во Европската унија.
- Познавање на концепциската рамка на Меѓународните стандарди за финансиско известување.
- Знаење за позначајните подрачја при примената на Меѓународните стандарди за финансиско известување поврзани со преведувањето на странските валути, деловните спојувања и консолидираните финансиски извештаи, сегментираното известување, заедничките вложувања и др..