Студиски програми

Менаџмент на човечки ресурси


Шифра Студиска програма Часови Кредити
MGT 240 Е-бизнис 4+2 8,00
Предавачи
Љупчо Ефтимов

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ

Проучувањето на наставната материја по предметот им овозможува на студентите да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, сфатено како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да се искористат на најефективен и најефикасен начин. Во тие рамки, особено внимание се посветува на следните аспекти на менаџментот на човечки ресурси: различните концепции на менаџментот на човечки ресурси, содржината, целите и задачите на менаџментот на човечи ресурси, положбата на менаџментот на човечки ресурси во функционирањето на организацијата, анализа на работата, планирање на човечките ресурси, обезбедување кандидати за нови работни места, селекција на човечките ресурси, воведување во работата, професионален развој на човечките ресурси, поттикнување на успешноста во работата, откривање на менаџерски потенцијали и способности, и менаџментот на човечките ресурси и работните односи.

 

Клучни зборови: човечки ресурси, менаџмент на човечки ресурси, функции на менаџментот на човечки ресурси

 

Содржина на предметната програма:

  1. Вовед во менаџментот на човечки ресурси
  2. Стратегиски менаџмент на човечки ресурси
  3. Анализа на работата
  4. Планирање на човечки ресурси
  5. Регрутација на човечки ресурси
  6. Селекција на човечки ресурси
  7. Обука на човечки ресурси
  8. Развој на човечки ресурси
  9. Оценување на перформансите на човечките ресурси
  10. Плаќање на човечките ресурси
  11. Развој и управување со кариерата
  12. Управување со стресни состојби во организацијата

 

ЛИТЕРАТУРА:

Основна:

  1. Бојаџиоски Димитар, Ефтимов Љупчо: Менаџмент на човечки ресурси, прво издание, Економски факултет - Скопје, Скопје, 2009          

Дополнителна:

  1. Матис Л.Р.; Џексон, Х.Џ.: Управување со човечки ресурси, 12-то издание, (превод на македонски јазик), Магор –Скопје, 2010;
  2. Џорџ Боландер, Скот Шнел: Управување со човечки ресурси, 15-то издание, (превод на македонски), South-Western Cengage Learning, 2010;

 

ЦЕЛИ НА НАСТАВАТА

Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:

  • да ги осознаат разновидните активности и функции на менаџментот на човечки ресурси;
  • да го планираат потребниот број и структура на вработените;
  • да ги анализираат и обликуваат работите и работните места;
  • да ги придобиваат, избираат, воведуваат и распоредуваат вработените;
  • да обезбедат следење и оценување на успешноста;
  • да ги задржат најквалитетните и најспособните, а да се ослободат од неспособните работници;
  • најдобро да ги искористат и развијат потенцијалите на секој вработен;
  • да ги диференцираат оние вработени кои добро работат и да ги наградат.